Корејска драма или кеј-драма () — израз за сите серии што се прикажуваат на територијата на Јужна Кореја.

За разлика од теленовелите и западните серии, форматот на кеј-драмите во повеќето случаи е како на минисерии, кои се движат помеѓу 16 и 24 епизоди, и историски („сагеук“), кои обично имаат над 35 епизоди. Времетраењето на една епизода е околу 60 минути. Иако се нарекуваат „драми“, тие вклучуваат разновидни жанрови како романтична комедија, акција, фантастика и други. Карактеристична особина на корејските драми е тоа што се снимаат неколку часа пред самото нивно прикажување, за да може, во зависност од гледаноста и повратните информации од публиката, да се менува сценариото. Корејските драми станале познати надвор од Јужна Кореја по популаризирањето на забавната индустрија по 2000 г., позната повеќе како Корејскиот бран.„Introduction to Korean Drama & Sageuk“

Историја Првите прикажувања на радиодрами во Кореја започнале во 1927 г. за време на јапонското владеење. Повеќето од тие радиопрограми биле на јапонски јазик, а само околу 30 % биле на корејски. По Корејската војна, радиодрамите како „Чонсилхонгсил“ (1954) го одразувале тогашното расположение на земјата.

Првите телевизиски прикажувања започнале во 1956 г. на експерименталната телевизиска станица HLKZ-TV, која била затворена по неколку години поради пожар. Првиот национален телевизиски канал бил Korean Broadcasting System (KBS), кој бил пуштен во 1961 г. Првиот телевизиски филм бил 15-минутниот „Портите на рајот“ (천국의 문), прикажан на HLKZ-TV.

Наводи

Надворешни врски

The 50 Best K-Dramas You'll Be Completely Hooked On

Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Јужнокорејска култура __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__