Квест (изворно на латиница: Quest) ― поранешен американски бренд на цигари кој бил произведен од Вектор Груп и достапен во Соединетите Американски Држави од 2002 до 2010 година. Се произведувал со употреба на генетски модифицирани растенија од тутун.
Производот бил достапен во три вајаринти: Квест 1, Квест 2 и Квест 3.
Секоја вајаранта на производот содржела различна количина на никотин.
Квест 1 содржал 0,6 мг никотин, Квест 2 содржал 0,3 мг никотин. Квест 3 содржал само траги од никотин (0,05 мг).
Производителот нагласил дека цигарите Квест ги содржат сите нездрави канцерогени материи и имаат исти несакани ефекти како обичната цигара, со единствен исклучок на намаленото ниво на никотин.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Марки на цигари