Втора црногорска фудбалска лига (црногорски: Druga crnogorska fudbalska liga – Druga CFL – 2. CFL), од спонзорски причини позната како Meridianbet Втора лига, претставува втор степен на лигашките фудбалски натпреварувања во Црна Гора. Формирана е во 2006 година по распадот на заедничката држава Србија и Црна Гора и расформирањето на поранешниот трет степен на натпреварување, а со лигата управува Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Повисок ранг на натпреварување е Првата лига на Црна Гора, додека понизок е Третата лига.
Во лигата учествуваат десет клубови, а се игра по четирикружен систем – секој со секого, дома и на гости по двапати. На крајот на сезоната, победникот на Втората лига директно се пласира во Првата лига за наредната сезона. Второпласираниот и третопласираниот тим играат бараж против осмопласираниот и деветопласираниот клуб од Првата лига. Последните два тима испаѓаат во едно од трите третолигашки натпреварувања, додека во Втората лига влегуваат два победници од баражот во кој учествуваат прваците на трите регионални дивизии од Третата лига.
Промени во структурата на лигата Во периодот 2006–2018, Втората лига на Црна Гора броела 12 учесници. Од сезоната 2018–19 бројот на учесници е намален на 10, со натпреварување кое трае 36 кола.
Број на тимови 2006–07 до 2017–18: 12 од 2018–19: 10
Клубови во сезоната 2025/26. КлубГрадСтадионБеранеБеранеГрадски стадионГрбалРадановиќСтадион Долна СутвараИгало 1929ИгалоСтадион СолилаИнтернационалПодгорицаСтадион Долни КокотиИскраДаниловградСтадион Браќата ВелашевиќКомПодгорицаСтадион ЗлатицаЛовќенЦетињеСтадион Обилиќа ПољанаФК Отрант-ОлимпикУлцињСтадион ОлимпикПодгорицаПодгорицаДГ АренаРударПљевљаСтадион под Голубињем
Победници Сезона Победник Второ место Трето место 2006/07 Ловќен Бокељ Ибар 2007/08 Језеро Челик Единство 2008/09 Беране Младост Морнар 2009/10 Младост Бар Братство 2010/11 Бокељ Единство Беране 2011/12 Челик Морнар Единство 2012/13 Дечиќ Бокељ Забјело 2013/14 Бокељ (2) Беране Езеро 2014/15 Искра Дечиќ Езеро 2015/16 Единство Цетиње Братство 2016/17 Ком Ибар Отрант-Олимпик 2017/18 Морнар Младост Љешкопоље Ловќен 2018/19 Младост Љешкопоље Ком Бокељ 2019/20 Дечиќ (2) Езеро Бокељ 2020/21 Морнар (2) Арсенал Игало 2021/22 Единство (2) Арсенал Младост ДГ 2022/23 Младост ДГ Ком Беране 2023/24 Бокељ (3) Отрант-Олимпик Подгорица 2024/25 Младост ДГ (2) Рудар Ловќен
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница
Категорија:Фудбал во Црна Гора Категорија:Европски фудбалски натпреварувања