Спасое Хаџи Поповиќ (роден: Спас Василев Хаџи Попов; ) (Буф, 18 август 1878 – Битола, 3 јули 1926) — србомански новинар и учител од Леринско, добротвор на друштвото „Св. Сава“, деец на српската пропаганда во Македонија.
Животопис лево|мини|250x250пкс|„Јужна Звезда“, 13 септември 1924 г. Хаџи Поповиќ е роден на 18 август 1878 г. во леринското село Буф, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Според некои сознанија, неговото родно име било Сотир и тој е потомок на поп Константин Буфски. Таткото на Спас, хаџи Василиј ја прифатил српската пропаганда и го пратил својот син да учи во српските училишта во Битола и Скопје. За кратко учи во Сомбор и Јагодина, а завршува педагошко училиште во Пакрац и Алексинац во 1904 г. Следната 1905 г. бил назначен за учител и предавал во селата Кривеље и Долна Бела Река, а подоцна и во Долна Трешњица, Ново Корито и Крупац. Откако Вардарскиот дел на Македонија паднал под српска власт по крајот на Втората балканска војна (1913), тој станал српски учител во Прилеп. Заедно со српската војска и администрација се извлекол на островот Крф кон крајот на 1915 г. Тој бил и државен стипендист во Марсеј во 1916–1918 г. мини|Тројца од затворените за убиството на Хаџи Поповиќ во Битолскиот затвор, 1926 г. Најдесно е Васил Липитков По крајот на Првата светска војна се враќа како српски учител во Прилеп. Во 1921 г. се преселил во Битола, каде што основал сопствен весник - „Јужна Звезда“, кој го пропагирал србизмот во Македонија. Спас бил осуден на смрт од ВМРО и е убиен на 3 јули 1926 г. на Широк Сокак, на аголот со денешната улица „Елпида Караманди“, спроти тогашното фотографско ателје на Папакоч. Претходно, тој преживеал два неуспешени атентати, од кои едниот бил извршен на 13 ноември 1924 г. Според истрагата, организатор на убиството бил Крсте Љондев, кој е убиен во 1928 г.Албум-алманах „Македония“, София, 1931, стр.37Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник. София, 1993, стр. 262.Пановски, Доне. Буф и Буфчани. Битола, 1998, 72-75.Миновски, Никола. Селото Буф. Битола, 2006, 203-205. по судски процес против него. Како извршители се осомничени Лазар Мулев и Коста Бичинов, кои побегнале во Албанија.Спомени на Георги Попхристов
По убиството, властите ги затвараат и соработниците Васил Липитков од Љубетино, Никола Динев Абдураманов од Пателе, Димитар Јуруков од Битола, Фидан Мојсов од Кукуречани и Павле Стојанов од Желево. Осудени се на смрт и стрелани на 21 јуни 1928 година во с. Горно Оризари, Битолско.
Наводи
Категорија:Србомани Категорија:Српски новинари Категорија:Српски учители Категорија:Политички убиства во Југославија