„Човекот кој падна на Земјата“ (англиски: The Man Who fell to Earth) — филм на режисерот Николас Роуг (Nicolas Roeg) од 1976 година. Автори на сценариото се Пол Мајерсберг (Paul Mayersberg) и Волтер Тревис (Walter Trevis), а тоа се темели на истоимениот роман на Тревис од 1963 година. Главните улоги ги играат: Дејвид Боуви (David Bowie), Кенди Кларк (Candy Clark), Бак Хенри (Buck Henry) и Рип Торн (Rip Torn). Филмот има култен статус поради надреалната сценографија и поради првото појавување на Боуви на филмското платно. Филмските критичари го сметаат овој филм за важно остварување во жанрот на научната фантастика, како и за еден од најдобрите филмови на Роуг.Čovjek koji je pao na Zemlju, britanski film (пристапено на 30.11.2024)
Синопсис Томас Џероум Њутн (го игра Боуви) е вонземјанин дојден на Земјата за да пронајде вода за својата планета. Со помош на адвокатот Оливер Фарнсворт, а благодарение на своето познавање на напредната технологија, тој создава бројни изуми. Додека ја развива методата за пренос на водата, Томас ја запознава повлечената хотелска рецепционерка Мери-Лу (ја игра Кларк) и се заљубува во неа. Кога се подготвува да ја напушти Земјата, американската влада го загрозува неговиот план...
Наводи
Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Научнофантастични филмови Категорија:Култни филмови Категорија:Филмови на Николас Роуг Категорија:Филмови со Дејвид Боуви Категорија:Филмови со Кенди Кларк Категорија:Филмови со Бак Хенри Категорија:Филмови со Рип Торн Категорија:Филмови засновани на романи