Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во битолското село Братин Дол, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во некогашната месност Црква, каде некогаш се наоѓало старото село Братин Дол. Во Археолошката карта на Македонија, оваа месност Црква е забележана и како археолошко наоѓалиште „Св. Спас“ каде може да се најдат стари гробови.
Околу црквата се сместени и селските гробишта.
Историја
Јован Трифуноски при неговите истражувања во 1957 година го забележал храмот како параклис. Според Археолошката карта, црквата била подигната во 1925/26 година врз темели од постара црква, ѕидана со камен и варов малтер.
Најверојатно таа црква била подигната во 1866 година.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува делумен фрескоживопис.
Икони и иконостас
Црквата поседува мал иконостас.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Братин Дол
Наводи
Надворешни врски
Братин Дол