„Сенката на смртта“ — религиозна слика од англискиот сликар Вилијам Холман Хант, на која работел од 1870 до 1873 година, за време на неговото второ патување во Светата земја. На неа е прикажан Исус како млад човек пред неговата служба, како работи како столар. Тој е прикажан како ги истегнува рацете откако завршил со сечење на дрво. Сенката од неговите испружени раце паѓа на дрвена шипка на која висат столарски алатки, создавајќи „сенка на смртта“ што го наговестува распнувањето. Лакот на прозорецот, исто така, создава природен ореол околу главата на Христос. Неговата мајка Марија е прикажана во заднината, гледајќи нагоре кон сенката, откако гледала во кутија во која ги чувала даровите дадени од маговите.

Изданија Оригиналот бил дониран на градот Манчестер во 1883 година, влегувајќи во колекцијата на Манчестерската уметничка галерија, каде што се наоѓа до ден-денес.

Хант, исто така, насликал издание на композицијата во мал размер во 1873 година. Експертот за Хант, Џудит Бронкхерст, ја опишува како „потврда и поостра по изглед од сликата од Манчестер“. Била продадена за 1,8 милиони фунти во 1994 година, што во тоа време била највисоката цена платена за слика од предрафаелитите. Се чува во Лидшката уметничка галерија.

Третото и последно издание било нарачано од трговците со уметнички дела Томас Агњу и синови во март 1873 година. Таа менувала сопственици во текот на векот сè додека не била купена од Ендру Лојд Вебер во 1994 година. Била продадена на аукција на Чикашкиот уметнички институт во Чикаго во 2021 година.

Наводи

Надворешни врски

Сенката на смртта во Уметничката галерија во Манчестер Категорија:Слики на Пресвета Богородица Категорија:Слики со Исус Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант Категорија:Слики за смртта