Марија Ангеловска (р. 1994, Скопје) — македонски раскажувач и преведувачка. Таа е авторка на збирката раскази „Глава што лебди“ (2021), со која ја добила наградата „Новите“ на издавачката куќа „Темплум“, за најдобар дебитантски прозен ракопис. Покрај проза, Ангеловска пишува и поезија, а нејзини текстови се објавувани во повеќе книжевни списанија и зборници.
Животопис Ангеловска е родена во 1994 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, наставна и преведувачко-толкувачка насока.
Книжевна кариера Дебитирала со збирката раскази „Глава што лебди“ (2021), за која ја добила наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Во книгата авторката ја истражува тенката линија меѓу реалното и фантастичното, често споредувајќи го стравот од секојдневието со имагинарните ужаси.
Нејзината поезија и проза се застапени во повеќе регионални изданија и зборници, меѓу кои Рукописи, Книжевни елементи, Џинџуџе во земјата на афионите и Ново раѓање на зборот.
Ангеловска учествувала на бројни книжевни настани во Македонија и Србија, како што се Струшките вечери на поезијата, Поетска епизода, 100 илјади поети за промена, Добри гости и Кикинда Шорт.
Награди и признанија
2021 – „Новите“, награда за најдобар дебитантски прозен ракопис за збирката „Глава што лебди“.
Дела
Глава што лебди (збирка раскази, 2021)
Наводи
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Добитници на наградата „Новите“ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје