Георги Зимбилев (познат како Зимбил или Зумбул-војвода) (Горно Броди, – ?, ) — македонски ајдутин и револуционер, војвода и учесник во Македонското востание.

Животопис мини|Браќата Димитар и Георги Зимбилеви со Крсто Дабижуров Зимбилев е роден на 1847 г. во селото Горно Броди, Серско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Потекнувал од револуционерно семејство – неговиот татко бил ајдутин, па по неговите стапки и Георги станал ајдутин во четата на Коста Кукето, која била дел од четата на Стојан Карастоилов и дејствувала во Неврокопско за време на Руско-турската војна (1877–1878). Учествувал во Македонското востание, а по убиството на Карастоилов станал самостоен војвода. Зимбилев бил оженет за ќерката на х. Димко Хаџи Иванов, сестра на Димо Хаџи Димов., стр. 44.

На Источен Петок во 1880 г., Зимбилев влегол со четата во родното село. Била поставена стража, а водачите влегле во црквата. По службата братот на војводата Димитар, ги изгорел сите грчки книги и ги натерал гркоманите да се заколнат пред иконата на Св. Кирил и Методиј дека нема да пречат во училиштата и на словенската богослужба. По ручек во црквата, четата се повлекла во планината.Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 186.

Властите го пратиле Черкезот Хаџи Јусуф со 70 черкески коњаници за да ја уништи четата. Јусуф ги уапсил блиските на војводата и другите комити од Горно Броди. Биле уапсени: таткото на војводата, мајката, браќата Димитар, Марин, малолетниот Крсто, жена му, сестрите Иванка и Калина, неговата малолетна ќерка и 18 други жени. Дедо Зимбил добил удар и починал, а останатите биле затворени во Сер, а по две седмици биле преместени во Канли-куле во Солун, каде починале: мајката на Георги, сестра му Иванка и малолетната сестра. Жена му, сестра му Калина и браќата Димитар и Крсто по 4 месеци биле ослободени, а брат му Марин останал уште три години. Кметот на селото, х. Атанас Перухов бил затворен во Серскиот затвор, а за кмет бил поставен гркоманот Тодор Поп Андонов.

На 7 април 1882 г.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр. 609. Зимбилев поставил заседа за Хаџи Јусуф кај селата Караќој и Крчово кај месноста Бели Пресеки и ги убиваат сите 13 Черкези. Од неговата четата загинале Димитар Бунев од Балдево и Илија од Исирлака. Четата потоа се повлекла кон Долно Броди, Старчишта и Калапот. Истата година, есента четата се повлекла во Бугарија. Во врска со овој случај околу 100 луѓе биле уапсени и затворени во Валовишта и Сер — првенци и обични селани од селата Крушево, Крчово и Караќој и биле подложени на нечовечки мачења.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр. 609-613. Некои биле осудени на доживотен затвор, други на 20, 10 и 8 години затвор.

Учесници во ликвидирањето на Хаџи Јусуф Име Родно место 1. Георги Зимбилев Горно Броди 2. Димитар Зимбилев Горно Броди 3. Димитар Радев Горно Броди 4. Костадин Павлов Горно Броди 5. Атанас Павлов, брат на Костадин Горно Броди 6. Петко Смиленов Горно Броди 7. Крсто Траханов 8. Крсто Дабижуров Горно Броди 9. Мацата 10. Георги Иванов Попов 11. Ѓурата Горно Броди 12. Котин Ајков Горно Броди 13. Иван Хршов Горно Броди 14. Георги Будалов 15. Костадин Олана Карлуково 16. Апостол Попов Дреново 17. Атанас Капаришев Скрижово 18. Тодор Бишков Крушево 19. Дечо Крушево 20. Коста, брат на Дечо Крушево 21. Дончо Либјахово 22. Никола 23. Атанас Гелин Крчово 24. Трајко-војвода Крчово 25. Тодор Тетимов Ковачевица 26. Попа 27. Петко Чапрашиков Калапот 28. Запро Крлуковалија Карлуково 29. Димитар Патронев Лакос

Летото 1883 г., Георги Зимбилев дошол со четата во Серско. На 5 јули бил опколен во с. Долно Броди кај месноста Криви Дол од 500 души аскер, башибозук и насилно мобилизирани селани. Во борбата од 33 четници, загинале 28. Меѓу жртвите бил и брат му Димитар. Иако ранет, со јуриш го преминал обрачот и со преживеаните четници се повлекол на планината Боздаг.

Георги Зимбилев бил убиен по предавство во 1883 г. Според Георги Баждаров постојат две различни претпоставки за смртта. Според една, тој бил убиен од Власи-гркомани крај манастирот „Св. Јован Претеча“ во Лакос откако се одделил од четата. Според другата верзија, откако бил ранет бил претепан со дрва од Власи во Пирин, за да биде ограбен.

Наводи

Литература

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски ајдуци Категорија:Отомански дисиденти Категорија:Отомански Македонци Категорија:Учесници во Македонското востание