Езерото Манасаровар или Манас Саровар, кое исто така локално се нарекува Мапам Јумцо (тибетски: མ་ཕམ་གཡུ་མཚོ), — слатководно езеро на голема надморска височина, кое е со местоположба покрај планината Каилаш, околијата Пуранг, Автономен регион Тибет. Езерото е почитувано како свето место во четири религии: тибетска (бон, бонизам), будизмот, хиндуизмот и џаинизмот.
Етимологија Санскритскиот збор „Манасаровар“ (मानसरोवर) е комбинација од два санскритски збора; „Манас“ (मानस) што значи „ ум (во најширока смисла кој се применува на сите душевни моќи), интелект, интелигенција, разбирање, перцепција, смисол, совесност“ додека „ саровара“ (सरोवर) значи „езеро или голем рибник“.
Географија лево|мини|Планината Гурла Мандхата и езерото Манасаровар мини|Карта на регионот Езерото Манасаровар е на 4.590 метри надморска височина, релативно висока надморска височина за големо слатководно езеро на тибетската висорамнина со главно претежно солени езера.
Езерото Манасаровар е со кружна форма со обем од 88 км. Неговата длабочина достигнува максимална длабочина од 90 м, а неговата површината е 320 км². Поврзано е со блиското езеро Ракшастал преку природниот канал Ганга Чу. Езерото Манасаровар се наоѓа во близина на изворот Сутлеџ, кој е најисточната притока на Инд. Во близина се изворите на реката Брамапутра, реката Инд, Гагара и важни притоки на Ганг.
Езерото Манасаровар се прелева во езерото Ракшастал, кое е езеро со солена вода. Кога нивото на езерото Ракшастал се изедначувало со езерото Манасаровар, овие езера се прелевале во сливот на реката Сутлеџ. Поплавените плажи околу езерото Ракшастал на 4.586 метри укажуваат дека намалениот прилив и/или зголеменото испарување се причините за оваа изгубена врска со сливот на реката Инд, а не тектонската активност.
Религиозно значење десно|мини|Поглед од манастирот Чиу Гомпа мини|Сателитски поглед на езерото Манасаровар (десно) и Ракшастал со планината Кајлаш во позадина
Во хиндуизмот Според хиндуизмот, езерото прво било создадено во умот на Господ Брама, по што се манифестирало на Земјата.,. Little, Brown and Company. Reprint: Abacus, London. . Во хиндуизмот, езерото Манасаровар е персонификација на чистотата, а оној што пие вода од езерото по смртта ќе оди во живеалиштето на Шива. Се верува дека тој или таа се исчистени од сите свои гревови направени во текот на дури сто животи.
Како и планината Каилаш, езерото Манасаровар е место за поклонение, кое привлекува религиозни луѓе од Индија, Непал, Тибет и соседните земји. Хиндусите веруваат дека капењето во Манасаровар и пиењето од водата ги чисти сите гревови. Редовно се организираат религиозни тури, особено од Индија, од кои најпозната е годишната „ Каилаш Манасаровар Јатра“. Поклонениците доаѓаат на церемонијално бањање во водите на езерото.
За езерото Манасаровар поклонениците долго време сметале дека е близу до изворите на четири големи азиски реки, Брамапутра, Гагара, Инд и Сутлеџ, дека е тоа затоа аксијална точка, која поклонениците ја посетуваат илјадници години. Регионот бил затворен за надворешни поклоненици по кинеската инвазија на Тибет; на странците не им било дозволено доаѓање помеѓу 1951 и 1980 година. По 1980-тите, повторно станал дел од индиската поклоненичка рута.
Според хиндуизмот, езерото прво било создадено во главата на Брама, по што се манифестирало на Земјата. Оттука се нарекува „Манаса сароварам“, што е комбинација од санскритските зборови за „ум“ и „езеро“. За езерото исто така се претпоставува дека е летно живеалиште на птицата хамса. Бидејќи се смета за свето, хамса е важен елемент во симболиката на потконтинентот, претставува мудрост и убавина.Eckard Schleberger, Die Indische Götterwelt. Eugen Diederich Verlag. 1997
Според хиндуистичката теологијата, постојат пет свети езера; колективно наречени Панч-Саровар; Мансаровар, Бинду Саровар, Нарајан Саровар, Пампа Саровар и Пушкар Саровар. Тие се спомнуваат и во Шримад Багавата Пурана.
Луѓето кои припаѓаат на овој регион се нарекуваат Манасароварии. Повеќето од оние кои го следат хиндуизмот припаѓаат на племето Коли кое се нарекува Манасароварија Пателс или Мандата Пателс и тие тврдат дека нивното племе е потомок на древниот крал Мандата од династијата Сурјаванша или Икшваку. Во близина е планината наречена по него. Се нарекува Гурла Мандата и е највисок врв на Налаканкар Химала.
Во религијата Бон (тибетска) Бон религијата е исто така поврзана и со светото место на светото божество Чанг Чунг Мери. Кога Тонпа Шенраб, основачот на религијата Бон, првпат го посетил Тибет се искапил во езерото.
Во будизмот мини|Тибетски будистички молитвени знамиња на брегот Будистите го поврзуваат езерото со легендарното езеро Анаватапта (санскрит ; Пали Анотата) каде се верува дека Маја (мајката на Буда) го зачнала Буда. Езерото има неколку манастири на брегот, од кои најистакнатиот древен манастир Чиу, изграден е на стрмен рид, кој изгледа како да е издлабен во карпа.
Езерото е многу популарно во будистичката литература и е поврзано со многу учења и приказни. Како се известува, Буда престојувал и медитирал во близина на оваа езеро во повеќе наврати. Езерото Манасаровар исто така е предмет на медитативна тибетска традиција, „Скапоцениот камен на Тибет“. Роберт Турман медитацијата и описот на медитацијата ги направил популарна.The Jewel Tree of Tibet — Robert Thurman . Soundstrue.com. Retrieved on 2013-07-18.
Во џаинизмот Во џаинизмот, езерото Манасаровар е поврзано со првиот учител Тиртханкара, Ришаба. Според ѓаинистичките списи, првиот Тиртханкар, Багван Ришабдев, достигнал нирвана на планината Аштапад. Синот на Багван Ришабдев, Чакравати Бхарат, изградил дворец украсен со скапоцени камења на планината Аштапад, која се наоѓа во спокојните Хималаи.
Поврзано
Ракшас Тал Езера во Индија
Наводи
Категорија:Религиозни верувања, традиции и движења Категорија:Будизмот во Кина Категорија:Езера Категорија:Свети езера