250px|десно|thumb|Институт за класични студии, ФЗФ, Скопје

Институт за класични студии — една од најстарите студиски групи на Филозофскиот факултет — Скопје. Својата наставно-научна дејност ја почнува во првата половина на 1920-тите, во рамките на тогашниот Филозофски факултет во Скопје — експозитура на Филозофскиот факултет во Белград. По Втората светска војна, тој станува дел од јадрото околу кое се формира македонскиот државен универзитет.

Историјат Почетоци 250px|лево|thumb|Лого на ИнститутотСоздавањето на Институтот за класични студии е тесно врзано со создавањето на Универзитетот во Скопје и неговото јадро — Филозофскиот факултет. Како една од првите шест наставно-научни единици на Историско-филолошкиот оддел при овој факултет, Институтот за класични студиија ја започнува својата дејност во 1946 година, како Семинар за класична филологија, со минимален наставен кадар (проф. д-р Михаил Д. Петрушевски и асистент Анастас Таховски). Основачот на Семинарот проф. Михаил Д. Петрушевски, воедно станува и прв декан на Филозофскиот факултет во периодот 1946-9 година. Како раководител, прво на Семинарот, а потоа на Катедрата за класична филологија, професорот Петрушевски создава солидна база за натамошен развој на наставно-научната дејност на Катедрата, снабдувајќи ја Семинарската библиотека со најнужната литература (текстови, прирачници, студии, лексикони, енциклопедии и сл.).

Во 1950 г. проф. Петрушевски е иницијатор за издавањето на научното списание од областа на класичните студии Жива Антика , единствено од овој вид на просторите на тогашна Југославија, при што станува негов главен и одговорен уредник. Ова списание континуирано се издава и денес. Во него објавуваат свои трудови значајни научници од земјата и од странство, а се дистрибуира во научните центри на сите континенти во светот. Поради тоа го има статусот на меѓународно научно списание, посведочено како такво од УНЕСКО. Преку размената на ова списание Институтот за класични студии остварува соработка со бројни сродни списанија од светот и на тој начин редовно и со најнови вредни наслови од областа се збогатува библиотечниот фонд на Институтот.Темков, К. et al. (2006), стр. 102

До 1956 г. целокупната настава по фундаменталните предмети на Семинарот за класична филологија ја изведува професорот Михаил Д. Петрушевски во соработка со асистентот Анастас Таховски. Во тој период како гости во наставата се приклучуваат и професорите од Филозофскиот факултет] во Белград — проф. д-р Милан Будимир и проф. д-р Милош Н. Ѓуриќ. Во 1956 г. Семинарот прераснува во Катедра за класична филологија, кадровски подзасилена со изборот на д-р Богдан Стевановиќ, кој ја презема наставата по Историја на старогрчката и римска литература, на Елена Зографска како лектор по старогрчки јазик и на Петар Хр. Илиевски како асистент по Грчка и Латинска историска граматика. Во 1958 г. е избран и лектор по латински јазик — Борка Јосифовска.Темков, К. et al. (2006), стр. 102-3

1960—1980 180px|десно|thumb|Проф.д-р Љубинка Басотова По докторирањето и изборот за доцент на Петар Хр. Илиевски (1961), се избираат уште два асистента: Јани Филовски — по старогрчки јазик и Љубинка Басотова — по латински јазик. Наставниот и помошнонаставниот кадар од Катедрата за класична филологија изведува настава и на другите катедри на тогашниот Филозофски факултет — за историја, за романска филологија и за албанологија, а се држат и курсеви по старогрчки јазик и компаративна лингвистика за наставниците и соработниците на Филозофскиот факултет кои пројавиле интерес за овие дисциплини.

Во академската 1959/60 година на Катедрата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Скопје редовно се одржуваат научни состаноци, на кои се презентираат резултатите од научните истражувања на членовите на катедрата од областа на микенологијата — тогаш новата дисциплина во класичната филологија, анализа и критика на текстови, предавања од историјата на литературата, археологијата, митологијата, балканистиката и други. На ваквите состаноци присуствуваат и учествуваат и наставници од другите катедри на Факултетот, како и наставници по класичните јазици од средните училишта.

Почнувајќи од 1958 г. воспоставени се контакти на меѓународно ниво, така што наставниците од Катедрата за класична филологија учествуваат на повеќе меѓународни собири во многу европски земји (Германија, Англија, Бугарија, Италија, Шпанија, СССР, Словенија, Грција, Полска и др.), а пред наставниците и студентите од Катедрата со свои излагања гостуваат професори од странство (Грција, Романија, Бугарија, Полска, САД, Англија и др.). По донесувањето на законот за високо образование од 1977 г., Катедрата за класична филологија е преименувана во Наставно-научна група за класични студии, а од 1988 г. во Институт за класични студии .

300px|лево|thumb|Научните екскурзии се обврзен дел од активностите на Институтот; Делфи, 2006 г. Наставните планови и програми на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје од неговото основање во 1946 година се подложувани на неколкукратни исправки во функција на подобрување на квалитетот и ефикасноста на студирањето. Првичниот план и програми биле сообразени со наставните планови и програми на соодветните студии на другите универзитетски центри во тогашна Југославија. Нагласката на овие планови и програми била ставена врз изучувањето на класичните јазици (старогрчкиот и латинскиот, нормативна и историска граматика) и старогрчката и римската литература. Со текот на времето, тие се прошируваат со нови дисциплини, сродни со класичната филологија (историја на Стара Грција и Рим, археологија), како и со предметите филозофија, социологија, педагогија, психологија и сл.

Во 1977 година е направена ревизија на наставните планови, при што е понудена и можноста старогрчкиот и латинскиот јазик да се избираат како втор главен предмет на некои наставно научни студиски групи на Филозофскиот и Филолошкиот факултет (Историја, Историја на уметноста со археологија, Романска филологија и Албанологија). Подготвени се посебни наставни планови и програми за шестсеместрални студии (изучување на нормативните и историските граматики, како и на старогрчката и римската литература).

300px|десно|thumb|Професорите и асистентите на Институтот со гости од странство: ФЗФ, Скопје, 2006 г.Со време, наставниот и соработничкиот кадар на Институтот за класични студии се зголемува и стекнувајќи пропишани квалификации се здобива со повисоки наставни звања: Професорот д-р Михаил Д. Петрушевски, основачот на Институтот и првиот декан на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1957 година е избран за редовен професор; доцентот д-р Богдан Стевановиќ во 1961 година е избран за вонреден, а 1967 за редовен професор; д-р Петар Хр. Илиевски во 1956 година е избран за асистент, во 1960 година, по одбрана на докторатот за доцент, во 1966 е избран за вонреден, а во 1971 година за редовен професор. Асистентот Јани Филовски и Љубинка Басотова , во 1972 година се избрани за лектори по старогрчки и латински јазик, Љубинка Басотова во 1978 година е избрана за предавач по латински јазик, во 1982 година за виш предавач, а во 1994 година за вонреден, а во 1999 година за редовен професор по Нормативна латинска граматика. Лекторот Елена Зографска во 1971 година е избрана за предавач по Историја на старогрчката и римска литература, а во 1982 година за виш предавач по истите предмети. Лекторот Борка Јосифовска во 1969 година е избрана за виш предавач по одбраната на хабилитационен труд во 1974 година е унапредена во звањето вонреден професор по латински јазик. Во 1974 година за лектор по старогрчки јазик е избрана Елена Колева, која во 1984 година е избрана за предавач по предметот Античка литература, 1992 година, по одбраната на докторатот е унапредена во звањето доцент, две години подоцна за вонреден, а во 2000 година за редовен професор по истиот предмет.

1980—2009 300px|лево|thumb|Еврипидовата „Алкестида“ во изведба на студенти од Институтот; Антички театар во Ефес, 2004 г. Во осумдесеттите години на минатиот век се одвива процес на засилено кадровско зајакнување на Институтот за класични студии. Во 1980 година како помлад асистент е примена Маргарита Бузалковска која во 1985 година, по одбраната на магистерскиот труд е избрана за асистент и во ова звање, со одобрување на Наставно-научниот совет ја држи наставата и вежбите по Историските граматики на старогрчкиот и латинскиот јазик, по пензионирањето на академик проф. д-р Петар Хр. Илиевски во 1986 година, која по докторирањето во 1996 година е избрана за доцент, во 2001 година за вонреден, а во 2006 година за редовен професор. Во 1986 година во звањето асистент по Античка литература е избран Витомир Митевски, кој по докторирањето во 1990 година е избран за доцент, во 1995 година за вонреден професор по предметот Античка литература II, а во 2000 година за редовен професор. Во 2009 година е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите. Во 1985 година како приправник, а следната година како помлад асистент е избрана Весна Томовска, која по одбраната на магистерскиот труд е избрана за асистент по Античка литература во 1991 година; по докторирањето во 2004 година е избрана за доцент, а 2009 година за вонреден професор. Во звањето лектор по старогрчки и латински јазик во 1986 година е избрана Даница Чадиковска.Темков, К. et al. (2006), стр. 104-5 Во 1987 година за помлад асистен е избрана Весна Димовска; по одбраната на магистерски труд и таа е избрана за асистент по предметот Нормативна латинска граматика, а по докторирањето во 2001 година е избрана за доцент, а 2006 година за вонреден професор.

250px|десно|thumb|Во антиката може да се ужива: храна од антиката, подготвена од студенти на ИКС Во 1993 година во звањето помлад асистент по Античка литература е избран Валериј Софрониевски, кој магистрира во 1996 година, кога е избран за асистент по старогрчки јазик; по докторирањето, во 2001 година е избран за доцент, во 2006 година за вонреден професор, а во 2010 година за редовен професор. Во 2001 година се примени двајца помлади асистенти:Темков, К. et al. (2006), стр. 105 Елена Џукеска по предметите Историска граматика на старогрчкиот и Историска граматика на латинскиот јазик, која во 2004 година е избрана за асистент, а во 2009 година, по докторирањето, за доцент по истите предмети и Ратко Дуев по предметот Античка литература, кој по магистрирањето во 2003 година е избран за асистент, а по докторирањето во 2010 година за доцент по предметите Античка митологија и Античка култура.

Напоредно со наставниот ангажман, вработените на Институтот пројавуваат и голема творечка научна дејност, која, според тематската ориентација профилира еден вид скопска школа по класична филологија. Тука се издвојуваат истражувањата на Аристотеловата теорија на литературата што ги започна проф. Михаил Д. Петрушевски; на нив се надоврзува проф. Елена Колева со својата докторска теза, а потоа се појавуваат и неколку преводни толкувања од областа на филозофијата и реториката на овој голем антички мислител. Посебен печат на Институтот му даваат истражувањата од областа на микенологијата, со кои, покрај проф. Михаил Д. Петрушевски, се зафаќа и проф. Петар. Хр. Илиевски. Со своите оригинални научни решенија, презентирани на светските научни собири, тие го раширија името на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје како значаен центар за микенолошки студии, од кој произлегоа и помлади истражувачки кадри во и надвор од Институтот: проф. Маргарита Бузалковска Алексова, м р Миодраг Тодоровиќ и др. Во областа на античката филозофија и епската поезија се објавени истражувањата на акад. Витомир Митевски, а од теоријата на литературата истражувањата на проф. Валериј Софрониевски и проф. Весна Томовска.Темков, К. et al. (2006), стр. 105-6