МанипурМаnipur -मणिपुर Држава: Индија Главен град: Импал Површина: 22.327 км2 Население: 2.388.634 <small>(2001) Густина на население: 107 жит./км2 Јазик: манипури Религија: Мрежно место: manipur.nic.in Мапа н|250п|Положба на Манипур во Индија

Манипур е сојузна држава во Индија со површина од 22.327км2 и 2.388.634 жители (сос: 1. јан. 2001). Се наоѓа на североистокот на Индија. Се граничи со индиските држави Нагаланд на север, Мизорам на југ, Асам на запад. Се граничи и со Мјанмар на исток. Меитеите се основна етничка група, а нивниот јазик манипури е службен од 1992. Манипур се смета за чувствителна гранична држава. Странците мораат да имаат специјална дозвола за да влезат во Манипур. Тие дозволи важат само 10 дена и се издаваат со организирани туристички групи.

Проблеми во Манипур Постојат три главни етнички групи во Манипур. Меитеите претставуваат етничка група, која е мнозинство. За нив се вика дека се Манипури. Седум племиња припаѓаат на Меитеите. Има 29 племиња на планините и поделени се на две главни групи Нагаси и Куку-Чинси. Овие етникуми меѓу себеси пават конфронтации. Други факти Играта поло потекнува од Манипур. Британските војници ги модифицирале правилата на играта. Лорд Ирвин го опишувал Манипур како "Швајцарска Индија"

thumb|left|270px|Поглед на Импал навечер

Категорија:Сојузни држави и територии на Индија

Категорија:Држави и територии настанати во 1972 година