Џон Франсис Клаузер (1 декември 1942 година) е американски теоретски и експериментален физичар познат по придонесите за темелите на квантната механика, особено нееднаквоста Клаузер-Хорн-Шимони-Холт. Клаузер ја добил Нобеловата награда за физика за 2022 година, заедно со Ален Аспект и Антон Цајлингер „за експерименти со заплеткани фотони, утврдување на прекршувањето на нееднаквостите според Бел и пионирање на квантно информативната наука“. Во 2023 година, тој се прогласил за негирач на климатските промени.
Ран живот Клаузер бил роден во Пасадена, Калифорнија. Неговиот татко, Франсис Х. Клаузер, бил професор по воздухопловно инженерство кој го основал и претседавал со одделот за воздухопловство на Универзитетот Џонс Хопкинс. Подоцна се вработил како професор по инженерство „Кларк Бланшард Миликан“ на инсттутот за технологија во Калифорнија (Калтех). Неговата мајка, Катарин Мекмилан, била библиотекарка по хуманистички науки во Калтех и сестра на добитникот на Нобелова награда за хемија во 1951 година, Едвин Мекмилан.
Добил диплома за физика од Калтех во 1964 година, каде што бил член на Дабни Хаус. Магистрирал по физика во 1966 година и докторирал по физика во 1969 година од Универзитетот Колумбија под водство на Патрик Тадеус.
Кариера Од 1969 до 1975 година, тој работел како постдокторски истражувач на Универзитетот во Калифорнија, Беркли и Националната лабораторија Лоренс Беркли. Во 1972 година, додека работел со постдипломскиот студент на Беркли, Стјуарт Фридман, тој го извршил првиот експериментален тест на предвидувањата поставени од теоремата CHSH-на Бел. Ова било првото експериментално набљудување на прекршување на нееднаквоста на Бел. Во 1974 година, работејќи со Мајкл Хорн, тој прв покажал дека генерализација на теоремата на Бел обезбедува строги ограничувања за сите локални реалистични теории за природата (т.е. објективни локални теории). Тој труд ја вовел нееднаквоста Клаузер-Хорн (CH) како прв целосно генерален експериментален услов поставен од локалниот реализам. Исто така, ја вовела и „претпоставката за CH без подобрување“, по што нееднаквоста CH се сведува на нееднаквоста CHSH, а по што поврзаните експериментални тестови исто така го ограничуваат локалниот реализам.
Од 1975-1997 Клаузер работел како истражувачки физичар главно во Лоренс Ливермор и Беркли. Во 1976 година тој го извршил вториот експериментален тест во светот на предвидувањата на CHSH-теоремата на Бел.
Клаузер ја добил наградата Волф за физика во 2010 година заедно со Ален Аспе и Антон Цајлингер. Тројцата исто така заеднички ја добиле Нобеловата награда за физика во 2022 година.
Наводи
Надворешни врски Oral history interview transcript with John Clauser on 20, 21, and 23 May 2020, American Institute of Physics, Niels Bohr Library & Archives John Clauser's homepage
Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот технолошки институт Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Добитници на Волфовата награда за физика Категорија:Родени во 1942 година