Месен народен одбор Агино Село ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Историја Месниот народен одбор Агино Село бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било селото Агино Село. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Агино Село бил проширен со селото Брзак, на сметка на укинатиот МНО Дељадровци. МНО Агино Село тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Агино Село бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Романовце.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Агино Село имал 753 жители, односно вкупното население на Агино Село и Брзак. Од таа бројка, 656 биле Македонци, 72 биле Срби, додека 25 биле Роми.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Агино Село Агино Село Агино Село Категорија:Маџарска Околија Категорија:Кумановска Околија