Мишел Анри Деворет (роден 1953) е француско-американски физичар. Тој е професор по физика на Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, и емеритус професор по применета физика на Универзитетот Јеил. Тој е главен научник за квантен хардвер во Гугл. Познат е по создавњето на разни суперспроводливи архитектури за квантно пресметување, вклучувајќи ги квантрониумот, трансмонот и флуксониумот.
Деворет ја делел Нобеловата награда за физика за 2025 година со Џон Кларк и Џон М. Мартинис за нивната заедничка работа на макроскопски квантни феномени во суперспроводливи кола. Почести и награди Деворе бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 2003 година, на Француската академија на науките во 2007 година и на Националната академија на науките во 2023 година. Во 2008 година, тој бил прогласен за Витез на Легијата на честа.
Деворе и Естев ја добиле наградата Ампер од Француската академија на науките во 1991 година. Во 1995 година, Деворе ја добил наградата Декарт-Хајгенс од Кралската холандска академија на уметностите и науките. Деворе, Естев, Јасунобу Накамура и Јохан Мој ја добиле наградата Еврофизика-Агилен од Европското друштво на физика во 2004 година. Во 2013 година, Деворе и Шелкопф ја добиле наградата Џон Стјуарт Бел за „Фундаментални и пионерски експериментални достигнувања во заплеткувањето на суперспроводливи кубити и микробранови фотони и нивната примена во квантната обработка на информации“.
Во 2014 година, Деворет ја делел наградата „Фриц Лондон во спомен“ со Мартинис и Шелкопф Наградата „Мициус Квантум“ била заеднички доделена во 2021 година на Деворет, Кларк и Накамура. Во 2016 година, на Деворет му била доделена наградата „Оли В. Лунасма во спомен“.
Наводи
Надворешни врски
Interview with Michel Devoret — AIP Niels Bohr Library & Archives oral history
Категорија:Француски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Француски физичари Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Статии со извори на француски (fr)