Секретинот е хормон кој делува во дигестивниот систем и влијае на преку регулирање на секретите во желудникот, панкреасот и црниот дроб. Тој е пептиден хормон произведен во S-клетките на дуоденумот. Кај луѓето, секретин пептидот е кодиран од SCT генот.

Секретинот помага во регулирањето на pH вредноста на дуоденумот со инхибирање на лачењето на желудочна киселина од париеталните клетки на желудникот и стимулирање на производството на бикарбонат од дукталните клетки на панкреасот.

Просекретинот е прекурсор на секретинот, тој се складира во оваа неактивна форма и се активира од желудочниот сок. По хемиска структура секретинот е линеарен полипептид од 27 аминокиселини.

Историја Во 1902 година, Вилијам Бејлис и Ернест Старлинг проучувале како нервниот систем го контролира процесот на варење. Познато било дека панкреасот лачи дигестивни сокови како одговор на преминувањето на химусот низ пилоричниот сфинктер во дуоденумот. Тие откриле дека супстанцијата што се лачи од цревната обвивка го стимулира панкреасот откако ќе се транспортира преку крвотокот. Тие го нарекле овој цревен секрет секретин.

Физиолошка улога Секретинот се синтетизира во секреторните гранули на S-клетките, кои се наоѓаат главно во мукозата на дуоденумот и во јејунумот на тенкото црево во помал број. Секретинот се ослободува во циркулацијата или во цревниот лумен како одговор на ниската pH вредност на дуоденумот, која се движи помеѓу 2 и 4,5, која се должи се должи на хлороводородната киселина од желудникот.

Функцијата на секретинот е неутрализирање на pH вредноста во дуоденумот, овозможувајќи им на дигестивните ензими од панкреасот (амилаза и липаза) оптимално да функционираат. Целни клетки на секретинот се центроацинарните клетки во панкреасот кој имаат рецептори за секретин. Со врзување на овие рецептори, тој ја стимулира активноста на аденилат циклазата и го претвора ATP во цикличен AMP. Цикличниот AMP делува како секундарен гласник во интрацелуларната трансдукција на сигналот и предизвикува органот да лачи течност богата со бикарбонат што се лачи во цревата.

Секретинот, исто така, го зголемува лачењето на вода и бикарбонатни јони од дуоденалните Брунерови жлезди за да ги пуферира водородните јони на киселиот химус,Hall JE, Guyton AC (2006). а исто така го намалува лачењето на киселина од страна на париеталните клетки на желудникот. Ова го прави преку три механизми: 1) Со стимулирање на ослободувањето на соматостатин, 2) Со инхибирање на ослободувањето на гастрин во пилоричниот антрум и 3) Со директно намалување на секреција на киселина во париеталните клетки.Frohman LA, Felig P (2001).

Наводи

Дополнително читање

Категорија:Систем за варење Категорија:Пептидни хормони Категорија:Гени на хромозомот 11