Расадиште (понекогаш нарекувано како Теќешке Корије) — издвоено маало на селото Лисец во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

До маалото води асфалтиран локален пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1209, кој води до скијачкиот центар Попова Шапка.

Расадиште е издвоено маало („заселок“) на селото Лисец. Се наоѓа на тесна тераса, висока околу 900 метри. Сместено е југоисточно од Лисец. Водата за пиење ја добиваат од извори кои ги има околу куќите.

Месностите во атарот на маалото ги носат истите имиња како во Лисец, бидејќи неговиот атар е заеднички со тој на Лисец.

Маалото има разреден тип, но главно се состои од две групи на куќи, меѓусебно раздвоени со долина.

Историја

Не се знае дали Расадиште постоело во минатото. Според денешното население, тоа постои од средината на век, кога во Расадиште дошле предците на денешниот род Џока. Тие претходно таму имале трла и околу нив имале ниви. За да не бидат оддалечени од трлата, се решиле таму да подигнат куќи.

Стопанство

Атарот на маалото е заеднички со тој на Лисец.

Население

Јован Трифуноски во 1948 година запишал дека во селото живеел еден род со 10 домаќинства. Неговото население се брои во населението на селото Лисец.

Родови

Во маалото живеат муслимански Албанци.

Според истражувањата од 1948 година, родови во маалото се: Албански родови: Џока (10 к.), доселени се од Ујмиште во Северна Албанија. Таму биле христијани, некои кажуваат католици. Во Лисец дошле околу 1750-тите, каде преминале во ислам. Во Расадиште дошла гранка на тој род во 1850-тите. Го знаат следниов родослов: Шаин (жив, 50 години во 1948 г.)-Сулеман-Акик-Имер, кој се доселил во Расадиште. Денешните мештани на Џока не се придржувале до сите муслимански обичаи како што кажувале другите мештани и затоа ги нарекувале бекташи. Бидејќи немале долго време своја џамија, понекогаш го посетувале Арабати баба-теќето во Тетово.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Џамијата во маалото

Расадиште никогаш не се појавува како самостојно село, туку како дел од селото Лисец.

Културни и природни знаменитости

Џамии Џамија — новоизградена џамија во маалото

Поврзано Општина Тетово Долен Полог

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лисец