Месен народен одбор Мршевци ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Историја Месниот народен одбор Мршевци бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Грушино, Бучинци и Мршевци. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Мршевци ги загубил селата Грушино и Бучинци на сметка на новиот МНО Бучинци, но ги добил селата Дељадровци и Текија, на сметка на укинатиот МНО Дељадровци. МНО Мршевци тогаш припаѓал во Скопската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Мршевци бил проширен со селата Грушино и Бучинци, на сметка на укинатиот МНО Бучинци, како и на сметка на укинатиот МНО Миладиновци со селото Бујковци. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Мршевци бил укинат на сметка на проширената Општина Бунарџик која ги добила селата Бујковци, Бучинци, Дељадровци, Мршевци и Текија, како и на сметка на проширената Општина Синѓелиќ која го добила Грушино.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Мршевци имал 960 жители, односно вкупното население на Дељадровци, Мршевци и Текија. Од таа бројка, 548 биле Македонци, 253 биле Срби, 139 биле Турци, 18 биле Албанци, 1 бил Бугарин, додека 1 бил припаднал во графата „останати и непознато“.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Мршевци Мршевци Мршевци Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија