Илиман Ндиај (роден на 6 март 2000, во Руен) — сенегалски фудбалер, напаѓач или играч од средниот ред на и на сенегалската репрезентација.

Технички карактеристики Офанзивен играч од средниот ред, кој благодарение на неговите силни офанзивни квалитети, исто така може да игра и како централен напаѓач или втор напаѓач, но и по крилните позиции. Способен да им сервира шанси за гол на соиграчите, но умее и самиот да ги завршува акциите и да постигнува голови благодарение на умешноста да упати завршен удар и со двете нозе.

Клупска кариера Почетоци Роден во Франција, Ндиај започнал да игра фудбал во француските клубови Руан Сапинс, Руан и Олимпик Марсеј пред да се пресели во Сенегал во екипата на Дакар Сакре-Кур. Кога неговиот татко се преселил во Англија, Ндиај му се придружил каде што тој се приклучил на младинскиот тим на Борхем Вуд, а покрај тоа го претставувал и своето училиште Вестминстер Академи.

Шефилд Јунајтед На 31 август 2019 година, Ндиај потпишал со Шефилд Јунајтед. Без да дебитира за првиот тим на „сечилата“, тој бил даден на позајмица во Хајд Јунајтед за втората половина од сезоната 2019–2020, каде одиграл 6 натпревари и постигнал еден гол во Северната Премиер лига, пред сезоната да биде прекината поради пандемијата на КОВИД-19.

Своето деби за Шефилд Јунајтед го имал на 14 март 2021 година, влегувајќи како доцна замена во поразот со 5–0 од Лестер Сити во Премиер лигата. На неговото целосно деби за Шефилд Јунајтед, тој постигнал два гола против Питерборо Јунајтед на 11 септември во победата од 6–2. На 3 март 2023 година, во ФА Купот, тој постигнал гол во 79-тата минута против Тотенхем Хотспар за да ја обезбеди победата од 1–0 и да му донесе пласман на Шефилд Јунајтед во четвртфиналето.

Олимпик Марсеј На 2 август 2023 година, тој бил купен од Олимпик Марсеј за 17 милиони евра, и покрај обидите на Шефилд Јунајтед во последен момент да го задржат нивниот талент. Своето деби за клубот го направил на 12 август, во победата од 2–1 над Ремс. На 15 февруари 2024 година, тој го постигнал својот прв гол во Лига Европа во натпреварот против Шахтар Донецк што завршил 2-2. Сезоната 2023-2024, ја завршил со 30 настапи, 3 гола и 5 асистенции во Лига 1.

Евертон На 3 јули 2024 година, се вратил во Англија потпишувајќи петгодишен договор со Евертон, кој за него платил 18 милиони евра.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 9 ноември 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 1 0 2021-2022 ФЛЧ 30+2Плејоф. 7 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - - - 35 7 2022-2023 ФЛЧ 46 14 ФАКуп+ЛК 6+0 1+0 - - - - - - 52 15Вкупно Шефилд Јунајтед 77+2 21 9 1 - - - - 88 22 2023-2024 Л1 30 3 КФ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола.+14 0+1 - - - 46 4 2024-2025 ПЛ 33 9 ФАКуп+ЛК 2+2 1+1 - - - - - - 37 11 2025-2026 ПЛ 7 3 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 - - - - - - 7 3Вкупнп Евертон 40 12 4 2 - - - - 44 14Вкупно во кариерата 149 36 13 3 16 1 - - 178 40

Наводи

Надворешни врски

Илиман Ндиај на fbref Илиман Ндиај на transfermarkt Илиман Ндиај на espn Илиман Ндиај на whoscored

Категорија:Сенегалски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026