Ѓорѓи или Георги () () — истакнат зограф и иконописец од Крит.

Животопис мини|Лествица, фреска од Дионисијат, XVI век Ѓорѓи потекнувал од погрчено венецијанско семејство на Крит. Не постојат многу зачувани податоци за неговиот живот и дело – неговото име ретко или воопшто не се среќава во ктиторските натписи и е познато само од други извори. Се знае дека бил ученик на Теофан Критски, од кого бил стилски под влијание.

Во 1547 г. Ѓорѓи ги живописал католиконот и дел од трпезаријата на манастирот Дионисијат на Света Гора. За ова сведочи ракописниот типик бр. 64 од 1634 година, во кој се забележува „Ѓорѓи Криќанец“ како манастирскиот иконописец. Во кодик од манастирот „Св. Висарион Дусику“, Трикалско, се спомнува дека живописот (1557) е дело на „Ѓорѓи од Цариградскиот дворец“ („Τζώρτζης εκ Κάστρου Κωνσταντινουπόλεως“).

На Ѓорѓи Зограф му се припишуваат фреските во Русанскиот манастир (1560), Метеора, во Големиот Метеор („Св. Преображение“) и во манастирот Дохијар (1568). Му се припишува уште непотпишана икона на Свети Јован Претеча од централниот проскинитар во Дохијарскиот манастир.

Стил Живописот и делата на Ѓорѓи Зограф стилски ѝ припаѓаат на Критската школа, позната школа во поствизантиската духовна уметност. Карактеристичен елемент на неговата техника е претпочитањето на темни бои и употребата на интензивна светлина и сенка во формите на фреските, кои се одликуваат со нивната строгост и шематизација, така што истите имаат впечатлив изглед.

Поврзано

Критска школа

Наводи

Категорија:Грчки зографи Категорија:Грчки иконописци