Меѓународен парк Ла Амистад — меѓународно заштитено подрачје што се наоѓа во планинскиот венец Таламанка,Hutchison, Peter (2008), . Footprint Handbooks. кој го делат Костарика и Панама. Паркот е најголемиот природен резерват во Средна Америка, каде што живеат околу 20% од живите видови во областа. Бил основан како заеднички национален парк на Костарика и Панама на 3 март 1979 година, а костариканскиот дел бил признат како биосферен резерват во 1982 година, а бил впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Америка во 1983 година како единствена област во Средна Америка што ја обликувале ледници и најголемата област под прашума на Костарика и Панама во која можат да се најдат сите средноамерикански големи мачки, но и некои од најстарите докази за човечко живеење во Средна Америка. Панамскиот дел бил додаден во 1990 година. лево|мини| Влезот во паркот

Одлики лево|мини| Густа џунгла на работ на паркот, во близина на Бокуете (Панама) Меѓународниот парк Ла Амистад опфаќа повеќе од 401.000 хектари претежно тропски шуми создадени за време на ледената доба пред 25.000 години. Во областа на сите пет висински зони во тропските предели, постојат и леднички езера, субалпски и парамијански шуми (средноамериканскиот алпски тундра екосистем) и дабови шуми. На планината Камук се наоѓа најбогатата, а на Чирипо (Костарика) најразновидната прашума, во која нема докази за каква било човечка активност. Биоразновидноста на ова подрачје е неспоредлив со кое било заштитено подрачје со слична големина во светот, главно поради дејството на ледниците што овозможиле заемодејство на флората на Северна и Јужна Америка, како и поради различните климатски и едафолошки (биолошки типови почва) одлики.

Фауната во Меѓународниот парк Ла Амистад е исклучително разновидна. Таму живеат сите големи мачки од Средна Америка: јагуар, пума, оцелот, маргај () и јагуарунди (); и други цицачи како што се: средноноамерикански тапир (), средноамерикански верверички мајмун (), мајмун викач (, црнорак пајак мајмун); и птици како што се: харпија, ќелав пештерски јадач (), врапче, гривест орел), осамен орел и портокаловоград сокол ().

Исто така, во оваа област има неколку археолошки наоѓалишта, претежно покрај главните водни патишта. Околу 50 км од вулканот Баруа во Панама, било откриено преткерамичко наоѓалиште со наоди стари најмалку 12.000 години. Нивната близина до други наоѓалишта на пацифичкиот брег на Костарика, само неколку километри од Ла Амистад, зборува за можноста за постоење на неколку наоѓалишта на раните средноамерикански култури.

Во 2006 година, британското здружение за природна историја „Дарвинова иницијатива“, во соработка со Природонаучниот музеј во Лондон и државните здруженија INBio (Костарика) и ANAM (Панама), организирале тригодишно истражување во оваа област, во кое беа собрани голем број примероци од живи видови, вклучувајќи 12 новооткриени: еден вид бубачка, 15 водоземци и 3 влекачи.

Заштита и управување По заедничката декларација на претседателите на двете земји во 1979 година, Костарика номинирала неколку соседни заштитени подрачја, кои биле впишани во списокот на светско наследство во 1983 година. Во 1990 година, соседниот Национален парк Ла Амистад на Панама бил впишан во списокот на светско наследство како продолжение на костариканскиот парк, создавајќи едно од ретките прекугранични места на светското наследство, благодарение на одличната меѓувладина рамка за координирано и кооперативно управување и заштита. Двонационалната техничка комисија за прекугранични заштитени подрачја го надгледува договорот и ги води преговорите меѓу бројните приватни и јавни групи и агенции што работат во Таламанка. Во двете земји постои силна правна и институционална рамка за заштита и управување со поединечни заштитени подрачја, кои припаѓаат на различни категории. Во оваа смисла, управувањето е одговорност на националните тела за заштита на животната средина на двете земји, што е и извор на основно финансирање. Во исто време, постојат бројни иницијативи на месно ниво со поддршка на многу групи за заштита, вклучително и финансиска поддршка. Една од особеностите и вистинските вредности на овој парк е неговата голема големина и состав, кој вклучува многу гранични компоненти преку меѓународната граница. Ова претставува голем потенцијал во однос на обезбедувањето континуитет на еколошките процеси на ниво на географскиот предел.

Во минатото, недоволното финансирање резултирало со недостиг во однос на персоналот, опремата и инфраструктурата. Поважно е што пошироките развојни проекти од двете страни на меѓународната граница бараат внимание за да се спречи влошување или губење на извонредните вредности на паркот. Постои зафаќање по должината на напредната „земјоделска граница“ за егзистенција, плантажи и сточарство, особено по падините на Пацификот и покрај патиштата. Поранешните зафаќања довеле до населување, сеча, шумски пожари, напасување, риболов и криволов, нелегално вадење на флора и фауна, што се заедно ги фрагментирало шумите и ги влошувало природните ресурси. Мора да се бара и одржува рамнотежа помеѓу традиционалните, но динамични системи за живот на домородните жители со користење на ресурсите, вклучувајќи слободно пасење, лов, риболов и собирање лековити растенија. Други документирани предизвици вклучуваат грабеж на археолошки наоѓалишта и нерегулиран туризам. Од суштинско значење е да се вклучат месните и домородните заедници зависни од ресурси во управувањето. Зонирањето и дефинирањето на тампон-зона за имотот се ветувачки инструменти во овој поглед. Главните проекти планирани околу паркот вклучуваат истражување за нафта, рударско ископување на бакар, хидроенергија, далноводи и изградба на патишта, од кои сите бараат целосно разгледување на социјалните и еколошките влијанија. Постоечкиот сојуз меѓу владите на Панама и Костарика бара консолидација, со хармонизирана рамка за управување на регионално ниво.

Наводи

Литература C. Michael Hogan, Isthmian-Atlantic_moist_forests. Encyclopedia of Earth, urednik: Cutler Cleveland, National Council of Science and the Environment, 2008.

Надворешни врски UNESCO La Amistad International Park overview (PDF file) Web page of Darwin Initiative project on the biodiversity of La Amistad Rapid Response Galerija fotografija

Категорија:Светско наследство во Америка Категорија:Географија на Панама Категорија:Статии со извори на англиски (en) Категорија:CS1-одржување: датумски формат Категорија:МСЗП-Категорија II