Мамелуците (; (еднина), , mamālīk (множина); преведено како „оној кој е поседуван“, односно „роб“) биле поробени платеници, робови-војници, и ослободени робови, од неарапско и различно етничко потекло (претежно туранско, кавкаско, монголско, источноевропско и балканско) на кои им биле доделени високи воени и административни должности во муслиманскиот свет.

Најдолготрајната мамелучка држава била воената класа во средновековен Египет, која се развила од редовите на робовите-војници. Првобитно Мамелуците биле робови со туранско потекло од Евроазиската Степа, но институцијата на воено ропство се проширила на Черкезите, Монголците, Апхазите,А.Ш.Кадырбаев, Сайф-ад-Дин Хайр-Бек – абхазский "король эмиров" Мамлюкского Египта (1517–1522), "Материалы первой международной научной конференции, посвященной 65-летию В.Г.Ардзинба". Сухум: АбИГИ, 2011, pp. 87–95Thomas Philipp, Ulrich Haarmann (eds), The Mamluks in Egyptian Politics and Society. (Cambridge: Cambridge University Press, 1998), pp. 115–116.Jane Hathaway, The Politics of Households in Ottoman Egypt: The Rise of the Qazdaglis. Cambridge: Cambridge University Press, 1997, pp. 103–104. Грузијците, Ерменците, Русите, и Унгарците, како и на народите од Балканот како Албанците, Грците, и Јужните Словени (види Сакалиби). Тие исто така регрутирале и од Египќаните. Феноменот „Мамелуци/Гулами“, како што Давид Ајалон го нарекол создавањето на специфична воена класа, бил од големо политичко значење; меѓу другото, траел речиси 1,000 години, од 9-ти до почетокот на 19-ти век. (Види: Џилман.)

Со текот на времето, Мамелуците станале моќна воена класа во разни муслимански општества кои биле контролирани од династички арапски владетели. Особено во Египет и Сирија, но исто така и во Османлиската империја, Левантот, Месопотамија, и Индија, мамелуците имале политичка и воена моќ. Во некои случаи, тие го достигнале рангот на султани, додека во други имале регионална моќ како емири или бегови. Најзабележително, Мамелучките фракции го зазеле султанатот со центар во Египет и Сирија, и го контролирале како Мамелучки Султанат (1250–1517). Мамелучкиот Султанат го победил Илханатот во битката кај Ајн Џалут. Тие претходно се бореле против западноевропските крстоносци во 1154–1169 и 1213–1221, протерувајќи ги од Египет и Левантот. Со заземањето на Руад во 1302, Мамелучкиот Султанат формално ги протерал и последните Крстоносци од Левантот, со што заврши ерата на Крстоносни војни.

Иако Мамелуците биле купувани како имот, тие биле поробени платеници и нивниот статус бил над оној на обичните робови, на кои не им било дозволено носење на оружје или извршувањ на одредени задачи. На некои места како Египет, од Ајубидската династија до времето на Мухамед Али, Мамелуците биле сметани за „вистински господари“ и „вистински воини“, со социјален статус над оној на општото население на Средниот Исток.

Наводи

Категорија:Мамелуци Категорија:Мамелучки Султанат Категорија:Османлиски робови