Паца Иванова Јанкова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Организирано учествувала во НОД во селото од мај 1942 година. Собирала храна од селаните за потребите на Велешкиот партизански одред, плетела топла облека за борците и чувала илегалци. Есента 1942 година била уапсена од бугарската полиција, но по неколку дена ослободена. Честопати доаѓала во Велес по материјали и врска. Во август 1944 година била избрана за член на НОО, а од јануари 1945 година и за член на Околискиот комитет на СКОЈ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ