мини|237x237пкс|Означен цртеж на страјк-зоната надреден на слика од натпревар, кој прикажува удирач, фаќач и судија. Фрлачот (не е прикажан) фрла бејзболска топка кон фаќачот; удирачот се обидува да ја удри бејзболската топка; а судијата одлучува дали фрлањата се болови или страјкови. Страјк-зона (), понекогаш се нарекува зона на удар — во бејзболот е областа во просторот низ која мора да помине фрлената топка за да биде прогласена за страјк, дури и ако удирачот не замавне.

Страјк-зоната е определена како зафатнина на простор над домашната база и помеѓу колената на удирачот и средната точка на неговиот труп (помеѓу врвот на рамената и врвот на панталоните). Дали топката поминува низ зоната одлучува судијата, кој обично е сместен зад фаќачот.

Страјковите се пожелни за фрлачот и екипата во одбрана, бидејќи три страјка водат до страјк-аут на тој играч. Топка што ќе ја промаши страјк-зоната се нарекува „бол“ (англ. ball) ако удирачот не замавне по неа. Боловите се пожелни за удирачот и напаѓачката екипа, бидејќи четири бола му дозволуваат на играчот да направи „прошетка“ (англ. walk) до првата база како база на болови (англ. base on balls).

Страјк-аути и прошетки Кога е редот на одреден удирач да удира, бројот на болови и страјкови се ресетира. Додека удирачот е на положба за удирање, судијата го следи бројот на болови и страјкови (англ. the count). Ако, на пример, на удирачот му биле фрлени 2 бола и 1 страјк, се вели дека бројот на болови и страјкови е „2-1“).

Страјк-аут Се досудува страјк-аут и удирачот е надвор од игра (аут) ако добие три страјка против себе. Меѓутоа, ако фаќачот не ја фати топката при третиот страјк, удирачот мора да биде исфрлен на првата база пред да биде прогласен за надвор од игра. Меѓутоа, на фрлачот сепак му се досудува страјк-аут, но удирачот не мора нужно да биде прогласен за надвор од игра. Но ако на првата база веќе стои играч од напаѓачката екипа, удирачот автоматски е надвор од игра при испуштен трет страјк.

Прошетка Се досудува прошетка (наречена и база на болови) и на удирачот му се дозволува непречено да оди до првата база, ако фрлачот фрли четири бола кон него. Ако удирачот е погоден од фрлената топка (англ. hit by pitch) и тој не се обидел намерно да биде погоден, му се дозволува веднаш да оди до првата база, исто како да добил прошетка.

Наводи

Надворешни врски

2001 Changes in Strike Zone St. Petersburg Times article. Strike Zone MLB website. John Walsh, "Strike Zone: Fact vs. Fiction", The Hardball Times, July 11, 2007 The Strike Zone: A Chronological Examination of the Official Rules baseball-almanac

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Бејзбол