Замрзнатиот јогурт (познат и како фрогурт или по трговското име Фројо) — замрзнат десерт направен со јогурт, а понекогаш и со други млечни и немлечни производи. Замрзнатиот јогурт е замрзнат производ што ги содржи истите основни состојки како сладоледот, но содржи живи микробиолошки култури.
Обично има покисел вкус одколку сладоледот (киселоста делумно се должи на млечната киселина во јогуртот), а исто така има помалку маснотии (поради употребата на млеко наместо павлака), се разликува од леденото млеко и конвенционалните безалкохолни пијалаци.
Историја Замрзнатиот јогурт е за прв пат направен во Нова Англија, САД, во 1970-тите. Американскиот синџир за замрзнати десерти Pinkberry е заслужен за тоа што им овозможил на луѓето да го персонализираат својот замрзнат јогурт со додатоци. Додека друг синџир, 16 Handles, е заслужен за воведување на машини за самопослужување со повеќекратен избор. мини|Замрзнат јогурт од боровинки мини|Замрзнат јогурт со овошје и ореви
Наводи
Категорија:Сладолед