мини|263x263пкс|Бејзболска топка Бејзболска топка — топка што се користи за играње бејзбол. Топката се состои од гумено или плутено јадро (срцевина), обвиткано со предиво (конец). Одозгора, топката е покриена со кожа.
Обемот на топката е од 9 инчи (22,9 см) до 9,25 инчи (23,5 см), односно од 2 7/8 инчи (7,3 см) до 3 инчи (7,6 см) во пречник.
Должината на предивото користено за изработка на една топка може да надмине еден километар.
Историја Во раните денови на бејзболот, срединита на 1800-тите години, постоела голема разновидност во големината, обликот, тежината и производството на бејзболските топки. Раните бејзболски топки биле правени со гумено јадро од стари, стопени чевли, обвиткано со предиво (конец) и кожа. Фрлачите обично си ги правеле сопствените топки, кои се користеле во текот на целата игра, при што тие омекнувале и се распаѓале како што натпреварот напредувал.
Еден од попопуларните рани дизајни на топки била „топката со кора од лимон“, именувана по нејзиниот карактеристичен дизајн со четири линии шевови. Топките со кора од лимон биле потемни, помали и потешки од другите бејзболски топки, што ги терало да патуваат подалеку и да отскокнуваат повисоко, предизвикувајќи натпревари со многу високи резултати.
Средином на 1850-тите години, екипите во Њујорк и околината се состанале во обид да ја стандардизираат бејзболската топка. Тие одлучиле да ја регулираат тежината на бејзболските топки на 5,5 до 6 унци (156 — 170 грама) и обемот на 8 до 11 инчи (20 — 28 см). Меѓутоа, сѐ уште имало многу варијации на бејзболски топки бидејќи тие биле целосно рачно изработени.
Топките со повеќе гума и поцврсто намотување оделе подалеку и побрзо (познати како „живи топки“ — live balls), додека топките со помалку гума и полабаво намотување (познати како „мртви топки“ — dead balls) не патувале толку далеку или брзо. Во целост, ова е точно за сите бејзболски топки. Екипите честопати го користеле ова знаење во своја полза, бидејќи играчите од екипата обично си ги произведувале сопствените топки за да ги користат на натпреварите.
Поврзано
Бејзбол
Наводи
Надворешни врски
Baseball Testing
Категорија:Топки Категорија:Бејзбол __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__