Нико Симаунт е подморски вулкан во регионот Вулкански Острови во Јапонија. Тој е најјужниот вулкан во Јапонија.

Географија лево|мини|200x200пкс|Примероци од јазична риба од Нико Симоунт Калдерата Нико е вулкански комплекс кој се состои од калдера и 2 други конуси кои се активните делови на вулканот, кој последен пат имал активност во 1979 година. Има 155 км југо-југоисточно од Иво Џима и 945 км северо-северозападно од Сајпан.

Морски свет лево|мини|200x200пкс|Оџаци со чад на дното на калдерата Нико Нико е дом на многу подводни суштества, поточно 14 видови кои доаѓаат од 12 семејства, вклучувајќи видови кои живеат во хидротермални отвори, какви што има Нико. Морската планина има и ендемски ракови.

Активност Вулканот не е најактивниот вулкан, но последната регистрирана активност била во 1979 година. На 12 јули 1979 година, над Нико Симаунт била забележана бледозелена и широка дамка од обезбојна вода.

Експедицијата од 2006 година Во 2006 година, програмата Оушан Експлорер (Ocean Explorer) на NOAA започнала експедиција наречена „Експедиција на подморничкиот огнен прстен 2006“. Оваа експедиција започнала на 18 април 2006 година и завршила на 13 мај 2006 година. За време на експедицијата, на 12 мај 2006 година, истражувачкиот брод пристигна во близина на областа Нико. Било распоредено далечински управуваното подводно возило (по име Jason II). Со возилото било забележано дното на калдерата на Нико. Биле пронајдени големи наслаги на сулфур и биле видени хидротермални отвори.

Поврзано

Список на вулкани во Јапонија

Наводи

Категорија:Подводни вулкани Категорија:Вулкани во Јапонија Категорија:Координати на Википодатоците