Мала историја на светот (на германски: ) — историска книга од Ернст Гомбрих. Напишана била во 1935 година во Виена, Австрија, кога Гомбрих имал 26 години. Тој ја препишувал за англиски читатели кога починал во 2001 година, на 92-годишна возраст, во Лондон. Гомбрих инсистирал само тој да ја преведе книгата на англиски јазик. По неговата смрт, преводот го завршиле, според неговите желби, Каролина Мустил, асистентка на Гомбрих од 1995 година до неговата смрт, и неговата внука Леони Гомбрих. Објавен бил во 2005 година од страна на Издавачката куќа на Јеилскиот универзитет.
Кратка историја Кратката историја го прикажува човековиот развој од пронаоѓањата на пештерските луѓе до резултатите од Првата светска војна. Дополнително, книгата ги опишува верувањата на големите светски религии, вклучувајќи ги јудаизмот, хиндуизмот, будизмот, христијанството и исламот, и ги вклучува овие идеи во наративното претставување на историските луѓе и настани.
Книгата била забранета за време на нацистичкиот режим поради тоа што била премногу пацифистичка.Hohenadel, Kristin (September 25, 2005). "This Story Sadly Appropriate for Children". The New York Times. Retrieved November 11, 2014.
Изданија
Gombrich, Ernst H. Eine Kurze Weltgeschichte für junge Leser. Думонт. Германија, 2005 година. Гомбрих, Ернст Х. Мала историја на светот. Јеил. Велика Британија и САД, 2005. со Клифорд Харпер (илустратор). Мек повез, 2008. ISBN 030014332X
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Светска историја Категорија:Историски дела