„Преживелиците на Незнајко и на неговите пријатели (приказна)“ (руски: Приключения Незнайки и его друзей) — роман за деца на советскиот писател Николај Носов, првобитно објавен од Државното издаваштво за детска книжевност (Государственное издательство детской литературы), во Москва во 1957 година.Николај Носов, Преживелиците на Незнајко и на неговите пријатели. Детска радост, Скопје, 1980, стр. 2.
Содржина Книгата се состои од 30 глави:Николај Носов, Преживелиците на Незнајко и на неговите пријатели. Детска радост, Скопје, 1980. Палчињата од цветниот град Како Незнајко станал музикант Како Незнајко станал сликар Како Незнајко составувал стихови Како Незнајко се возел на газиран автомобил Како Незнајко измислил воздушен балон Подготовка за патешествието На пат Над облаците Несреќа На ново место Нови познати Разговор крај маса Прошетка низ градот Во болницата Концерт Походот на Шрафко и на Жлепко во градот Змеевка Во Змеевка На гости кај Снаодливко Туба Враќањето на Шрафко и Шлепко Чудата на механизацијата Бегство Пронајдокот на Туба Лекувањето на Патронко Враќањето на Шајка Неочекувана средба Помирување На балот Враќање
Изданија на македонски јазик Во 1980 година, книгата била објавена на македонски јазик од РО НИП „Нова Македонија“, редакција „Детска радост“, како 27. книга во библиотеката „Ѕуница“. Преводот од руски јазик го направил Евтим Манев, а корицата и илустрациите се дело на Петар Попчев. Книгата, со обем од 152 страници и со димензии од 20 сантиметри, била испечатена во РО НИП „Нова Македонија“ во Скопје, во тврд повез и во тираж од 2.000 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје.Николај Носов, Преживелиците на Незнајко и на неговите пријатели (приказна). Детска радост, Скопје, 1980, стр. 2 и 152.
Наводи
Категорија:Дела на Николај Носов Категорија:Руски романи Категорија:Советски романи Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 1957 година Категорија:Појавено во 1980 година во Македонија Категорија:Изданија на Детска радост