„Лекциите од историјата“ — книга од историчарите Вил и Ариел Дурант од 1968 година.
Книгата дава резиме на периодите и правците во историјата што ги забележале по завршувањето на 10-тиот том од нивната значајна единаесеттомна „Приказната за цивилизацијата“. Вил изјавил дека тој и Ариел „ ги забележиле настаните и коментарите што би можеле да ги осветлат сегашните работи, идните веројатности, природата на човекот и однесувањето на земјите“.
Книгата, која брои приближно 120 страници, претставува преглед на темите и лекциите набљудувани од 5000 години човечка историја, испитани од 12 перспективи: географија, биологија, раса, карактер, морал, религија, економија, социјализам, влада, војна, раст и распаѓање, и напредок.
Рецензии Џон Баркам го нарекол делото „ремек-дело на дестилација“, пофалувајќи го избалансираниот третман на авторите на концепти како што се компромисите помеѓу слободата и еднаквоста и тензиите помеѓу религијата и секуларизмот во современите општества.
Наводи
Користена литература
Вил и Ариел Дурант, Лекциите од историјата, 1-во издание, Њујорк, Сајмон и Шустер, 1968. Категорија:Светска историја Категорија:Историски дела Категорија:Книги на Вил Дурант