„Недела на село“ (француски: Un Dimanche à la Campagne) – филм на режисерот Бертран Таверние (Bertrand Tavernier) од 1984 година, снимен по сценариото на Пјер Бост (Pierre Bost), Бертран Таверние и Коло Таверние (Colo Tavernier). Главните улоги ги играат: Луј Дукре (Louis Ducreux), Сабин Азема (Sabine Azéma) и Мишел Омон (Michel Aumont). Филмот, кој спаѓа во омилениот поджанр на Таверние — филмови на провинцијата, претставува едноставна, тивка и интимна приказна за еден старец и неговото семејство, за минливоста на животот и за неостварените соништа, за неразбирањето, сеќавањето, тагата, староста, грубоста и нежноста. Според оцената на критичарите, тој е еден од најдобрите француски филмови на 1980-тите. За својата улога, Азема ја освоила најголемата француска филмска награда „Сезар“ (César), додека на Канскиот филмски фестивал Таверние ја освоил наградата за режија.Nedjelja na selu, francuski film (1984.) (пристапено на 18.11.2025)

Синопсис Дејствието на филмот се одвива во 1912 година. Ладмирал (го игра Дукре) е 70-годишен сликар и вдовец кој живее сам во едно село, а за него се грижи домаќинката Мерседес. Еден летен ден, во недела, Ладмирал заминува пешки да ги пречека синот (го игра Омон) со неговото семејство, а малку подоцна пристигнува и ќерката (ја игра Азема)...

Наводи

Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови на Бертран Таверние Категорија:Филмови со Луј Дукре Категорија:Филмови за семејства Категорија:Филмови со Сабин Азема Категорија:Филмови со Мишел Омон Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Франција