Мариус Михаи Марин (роден на 30 август 1998 година, во Темишвар) — романски фудбалер, на и на романската репрезентација.

Биографија На 20 јуни 2022 година, со неговата партнерка Стефанија, тој го добил синот по име Патрик.

Клупска кариера Рани години Својата кариера ја започнал во екипата на Политехника Темишвар. На 23 мај 2015 година, тренерот на првиот тим Дан Алекса му дал можност на Марин да го направи своето деби, на 16-годишна возраст, во победата со 5-0 над Униреа Тарлунгени во втората романска лига. Следната сезона, Марин се приклучил на ССУ Поли Темишвар — новиот клуб основан по распаѓањето на првобитната ФК Политехника Темишвар — и учествувал со него во третата романска лига, која тимот ја освоил.

Кон крајот на август 2016 година, Марин се преселил во италијанскиот клуб, Сасуоло, откако тренирал во Италија еден месец. Кога наполнил 18 години, тој потпишал четиригодишен договор и ја поминал својата прва сезона играјќи за Примавера тимот.

Пред почетокот на сезоната 2017–2018, тој бил позајмен на Катанцаро во Серија Ц, каде одиграл 28 натпревари во првенството.

Пиза Во летото 2018, Марин заминал на нова позајмица во истата лига, овојпат во екипата на Пиза. Во 2019 година, откако придонел за промоцијата на „нероаѕурите“ во Серија Б, тој бил целосно купен од тосканците.

Својата прва сезона во Серија Б ја завршил со 29 настапи и еден гол во победата од 2-0 против на 3 јули 2020 година (негов прв гол во професионалната кариера), по што бил потврден во тимот и за следната сезона, во која Пиза повторно учествувала во првенството на втората лига. На 28 август 2022 година, Марин го одиграл својот 100-ти натпревар во Серија Б, носејќи ја притоа и капитенската лента на Пиза во поразот со 0–1 од .

Во октомври 2023 година, тој го одиграл својот 185-ти натпревар за Пиза, станувајќи странски играч со најмногу настапи во сите натпреварувања за клубот.

Во сезоната 2024-2025, Марин одиграл 34 натпревари и постигнал 1 гол за Пиза, која предводена од Филипо Инѕаги успеала да избори промоција во Серија А, за првпат после 35 години.

На 24 август 2025 година, дебитирал во Серија А со тосканците, во ремито 1-1 на гостувањето кај .

Репрезентативна кариера Дебитирал за романската репрезентација под 21 година на 10 октомври 2019, во победата со 3-0 над Украина во квалификациите за Европското првенство под 21 година 2021; откако Романија се квалификувала за првенството, селекторот на репрезентацијата, Адријан Муту, го повикал Марин за турнирот одржан во Унгарија и Словенија, каде тој одиграл два натпревари, а Романија била елиминирана после групната фаза.

Во летото 2021, тој бил повикан во олимписката репрезентација за одложените Летни олимписки игри 2020, каде ги одиграл како капитен сите натпревари на својата земја, во уште една елиминација по групната фаза.

На 5 септември 2021, дебитирал за сениорската репрезентација во победата со 2-0 над во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022. На 7 јуни 2024, бил повикан во составот за Европското првенство 2024, каде ги одиграл сите четири натпревар на Романија, која го завшрила својот настап после поразот од 3-0 од во осминафиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски

Мариус Марин на fbref Мариус Марин на transfermarkt Мариус Марин на espn Мариус Марин на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Романски фудбалери Категорија:Фудбалери на Сасуоло Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Пиза Категорија:Родени во 1998 година