Избор — македонски кусометражен игран филм од 2025 г., во режија на Марко Црногорски. Филмот е прв проект на режисерот поддржан од Агенцијата за филм и е во производство на Дарма филм. Светската премиера ја имал на 34. кинофестивал во Паленсија, Шпанија, на 22 февруари 2025 г. Во Македонија, премиерата била на 12 мај истата година.

Содржина Филмот раскажува емотивна и ангажирана приказна за една млада мајка по има Ана, и нејзиното мало дете Ева, кои се соочуваат со ограничен закон со кој ѝ се забранува претходно закажаниот абортус. Принудена да бара незаконско решение за да го избегне долгиот процес на добивање посебна дозвола, приказната навлегува во подземниот свет, нагласувајќи ги трагичните последици од ограничената легислатива врз репродуктивните права на жените.

Филмот е структуриран на иновативен начин во само два кадри, од кои едниот трае 13 и пол минути, што претставува уникатен творечки и продукциски избор.

Улоги

Сара Сандева како Ана Ева Велиќ како Ева Игор Ангелов Билјана Драгиќевиќ-Пројковска Ѓорѓи Јолевски Сара Анастасовска Дарко Богески

Награди и фестивали Филмот има постигнато значаен меѓународен успех, прикажувајќи се на повеќе престижни фестивали:

Награда за најдобар кусометражен филм на 20. фестивал на филмови од Југоисточна Европа (СЕЕфест) во Лос Анџелес, САД. Награда за најдобар меѓународен кусометражен филм на London Breeze Film Festival 2025. Официјална селекција на 50. издание на Меѓународниот кинофестивал во Одензе (Odense International Film Festival – ОФФ), Данска (фестивал квалификациски за Оскар, ЕФА и БАФТА).

Наводи

Надворешни врски

Информации за филмот на Dokufest

Категорија:Македонски филмови Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Филмови на македонски јазик __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__