Куманово — археолошко наоѓалиште во градот Куманово. Претставува осамен наод од римското време. Во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје се чува ара со посвета на Јупитер Долихен, која многу порано ја забележал Еванс пред црквата „Св. Никола“ и сметал дека потекнува од селото Лопате. Јован Хаџи-Васиљевиќ е на мислење дека била најдена во селото Опае.
Поврзано
Бел Брег — некропола од железно време;
Куманово — осамен наод од римско време; Куманово; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско.
Наводи