Над законот (), познат и како Нико — американски полициски акционен филм од 1988 г. Тоа е првиот филм во кариерата на Стивен Сигал. Снимен е во есента 1987 г., а излегол во кинораспределба во 1988 г.
Насловот на филмот е фрагмент од говорот на претседателот Ричард Никсон за време на ескалацијата на Виетнамскиот конфликт (кој дотогаш прераснал во Виетнамската војна), во кој тој го цитирал Абрахам Линколн, велејќи дека во Соединетите Држави „нема никој што стои над законот, а нема ниту таков што би бил под законот“. Главниот лик во филмот ги гради своите постапки, тргнувајќи од овој филозофски постулат.
Содржина Нико Тоскани (Стивен Сигал) е млад Американец со италијанско потекло, опчинет од јапонската култура, кој заминува во Јапонија за да учи аикидо. До своето полнолетство, тој станува признат мајстор. Во тоа време, Виетнамската војна е во полн ек, и тој, како млад човек без животно искуство, е ангажиран од ЦРА. Со патриотска, провоeна пропаганда, момчето е испратено како дел од специјалниот тим на ЦРА на границата меѓу Виетнам и Камбоџа.
За време на една средба со агенти, Нико станува сведок на методите со кои пријателски настроените агенти, финансирани од ЦРА, ја „покриваат“ (штитат) трговијата со опиум од земјите на Златниот Триаголник. Нелсон Фокс му најавува дека овие момци имаат „дополнителен приход“. Тие сурово се справуваат со оние лаоски герилци што се осмелиле да го прекршат распоредот на испораки. Пред очите на Тоскани се отвора страшната вистина за војната во Лаос — Американците воопшто не се таму за да им помагаат некому, туку се таму за да обезбедат нормално работење на меѓународната трговија со опиум. Така, Нико гледа како шефот на месната разузнавачка мрежа, извесен Курт Зегон (Хенри Силва), се подготвува со борбен нож да му ја отсече ногата на својот агент за да им покаже на другите дека не смеат да „крадат од неговиот хероин“. Нико не му дозволува да го стори тоа, поради што самиот за малку ќе стане цел на беспринципиелните агенти на ЦРА. Него го спасува неговиот поранешен регрутер, агентот Нелсон Фокс (Челси Рос), со кого дотогаш се спријателиле. Нелсон го прикрива неговото бегство, држејќи ги на нишан разбеснетите колеги и префрлајќи го нивниот гнев врз себе.
Нико се враќа во САД и се вработува во полицијата во Чикаго. Тој создава семејство, има убава сопруга (Шерон Стоун), и добиваат син. Животот на семејството Тоскани тече мирно, сѐ додека за време на една операција за приведување на американски наркодилери при склучување зделка, Нико не наидува на пластид, чија ознака јасно покажува дека потекнува од арсеналот на неговите поранешни колеги, што веднаш го наведува Нико да се замисли. Таинствено, овој пластид подоцна исчезнува од магацинот на полицискиот конфискат, а главниот осомничен, заедно со соучесникот, е пуштен истата вечер, по повик од штабот на ЦРА — излегува дека тој е нивен надворешен соработник. Војните на САД привремено завршуваат, и на Нико му станува јасно дека и неговите поранешни колеги се вратиле дома и сега се обидуваат да ги воспостават истите правила во самите Соединети Држави.
Улоги
| Стивен Сигал || Нико Тоскани |- | Пем Грир || детектив Делорес „Џекс” Џексон |- | Хенри Силва || Курт Зегон |- | Рон Дин || детектив Лукиќ |- | Шерон Стоун || Сара Тоскани |- | Џин Барџ || детектив Хендерсон |- | Челси Рос || Нелсон Фокс |- | Рони Барон || шанкерот на ЦРА |- | Николас Кусенко || агентот на ФИБ Нили |- | Грегори Алан Вилијамс || агентот на ФИБ Халоран |- | Џек Волес || чичко Бранка |- | Ралф Фуди || федералниот службеник |- | Џозеф Ф. Косала || поручник Фред Строза |- | Талмус Расулала || заменик-управник Краудер |- | Хенри Годинес || отец Томасино |- | Даниел Фаралдо || Тони Салвано |- | Мигел Нињо || Рамон Чи-Чи |- | Мајкл Рукер || човекот во барот #1 |- | Рекс Лин || човекот во барот #2
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1988 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Чикаго Категорија:Филмови за Виетнамската војна __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__