десно|мини|Четири видови лажовиљушки мини|Специјални лажовиљушки за салата Лажовиљушка — форма на прибор за јадење и комбиниран прибор во облик на лажица со две до четири запци слични на оние на виљушките. Прибор за јадење сличен на лажовиљушката, како што се виљушката „терапин“ или виљушката за сладолед, се произведуваат од крајот на 19 век; патентите за дизајни слични на лажовиљушката датираат дури од 1874 година. Лажовиљушките најчесто се користат од ресторани за брза храна, училишта, затвори, војски, туристи со ранци и авиокомпании.
Зборот „лажовиљушка“ е стопеница од зборовите лажица и виљушка. Англискиот збор спорк се појавил во додатокот на Century Dictionary од 1909 година, каде што бил опишан како „збор-портманто“ што се однесува на долга, тенка лажица што има испакнатини што личат на запците на виљушка“. Зборот „spork“ подоцна бил регистриран како трговска марка во САД и Велика Британија.
Наводи
Д. Грин и Ко. (Стоук Њуингтон) ДОО и Пластико ДОО против Регалзоун ДОО ETMR 241 (КА)
Надворешни врски
„Зошто е толку тешко да се добие добар спорк?“ — The Straight Dope ( ) „Чудната историја на Спорк“, Би Вилсон, Салон Категорија:Лажици Категорија:Прибор за јадење Категорија:Американски пронајдоци