Аскафроа () — познат и како дански Аскефру и германски Ешенфрау ( ), е еден вид легендарно суштество во скандинавските и веројатно Германски фолклор, сличен на грчките Хамадријади. Аскафроа е чувар (божество-заштитник) на јасенот. Се сметало дека аскафроа е злобно суштество кое нанесува голема штета, и за да се смири, било потребно да ѝ се направи жртва на Чиста среда.
Шведскиот научник Хилтен-Кавалиус во своето етнографско дело „Wärend och Wirdarne“ запишал верување за женско суштество кое живее во јасенот, во Јунит Хендред. Старешините принесувале жртва на Аскафроа наутро на Чиста среда. Пред да изгрее сонцето, тие истурале вода врз корените на јасенот. Додека го правеле тоа, тие велеле: „Nu offrar jag, så gör du oss ingen skada“, што значи „Сега жртвувам [за тебе], за да не ни наштетиш“. Хилтен-Кавалиус пишува дека тие верувале дека ако некој скрши гранки или гранчиња од јасенот, ќе се разболи.
Популарна култура
Онлајн ролпплеј играта Dark Age of Camelot ги прикажува непријателите во форма на Askefruer/Askafroa
Наводи
Библиографија
Категорија:Јасен