Гранит Џака (роден на 27 септември 1992 година, во Базел) — швајцарски фудбалер од албанско потекло, на и на швајцарската репрезентација.
Џака ја започнал својата кариера во родниот град со екипата на ФК Базел, со кој двапати го освоил швајцарското првенство. Тој потоа се преселил во Борусија Менхенгладбах во 2012 година, развивајќи репутација на технички надарен играч и природен лидер, покрај критиките за неговиот темперамент, кој бил дури и покрај раната возраст капитен на клубот од 2015 година, двапати водејќи го истиот до пласман во Лигата на шампионите. Во 2016 година, се преселил во англискиот клуб Арсенал за сума од околу 30 милиони фунти; таму ги минал следните седум години, забележувајќи околу 300 настапи за „топџиите“ и освоил два ФА купа со клубот. Во 2023 година, тој се вратил во Германија со екипата на Бајер Леверкузен, помагајќи му на клубот да ја освои првата првенствена титула во историјата, како и Купот на Германија, во неговата дебитантска сезона. Во 2025 година, потпишал за .
Џака биле дел од швајцарската репрезентација под 17 години која го освоила Светското првенството во категоријата. Своето деби за сениорската репрезентација го направил во 2011 година, и моментално е рекордер по бројот на настапи, со 143. Тој ја претставувал Швајцарија на три Светски првенства во 2014, 2018 и 2022, како и на три Европски во 2016, 2020 и 2024.
Биографија Роден е во Базел, Швајцарија од родители по потекло од Подуево,Xhaka arrived, Podujeva 'lights up' (Video) telegrafi.com Косово, кои мигрирале во Швајцарија во 1990 година. Неговиот постар брат Таулант Џака, е исто така, поранешен професионален фудбалер и играл за Базел и за албанската репрезентација.
Технички карактеристики Внатрешен играч од средниот ред, чија разноврсност му овозможува да се користи во повеќе улоги како дефанзивен играч од средниот ред, како централен играч во среден ред од 3 играчи или како офанзивен играч од средниот ред, а во својата кариера знаел, доколку било потребно, да ја покрива и позицијата на бек во одбранбената линија. Добар во играта и на кратки и на долги додавања, тој е вешт во вертикализацијата и често ризикува во играта. Исто така, тој е добар во градењето акции за неговите соиграчи, како и во враќањето на поседот на топката. Се издвојува по своето лидерство и цврстиот карактер, дури и ако неговата импулсивност на теренот понекогаш го прави предмет на повеќекратни дисциплински санкции. Покрај набројаното, меѓу другите негови квалитети се истакнуваат и навремените стартови, кои му помагаат да дојде до топаката, и опасниот удар од далечина, додека неговата игра најмногу пати кога е под притисок.
Клупска кариера Базел
Џака ја започнал својот фудбалска кариера во екипата на Конкордија Базел, од каде заедно со својот брат Таулант, потоа се преселил во младинскиот сектор на Базел на крајот од 2002 година. Тој минал низ сите младински категории на Базел, напредувајќи редовно меѓу ранговите и постигнувајќи успеси. Во сезоната 2006–2007, тој бил член на тимот под 15 години кој го освоил швајцарското првенство во таа категорија, запишувајќи вечен рекорд; тие успеале да ги добијат сите првенствени натпревари во сезоната и да го освојат првенство со гол-разлика од 104:13. Откако започнал натпреварувачкиот фудбал во Швајцарија, ниеден тим претходно не го постигнал ова. Во следните години, тој станал шампион на Швајцарија со Базел и во категориите по 16 и под 21 година, со последните правејќи го своето деби како професионалец во третото ниво на швајцарскиот фудбал, кога нивниот тренер Патрик Рахмен, му дал можност на Џака да започне како стартер и да игра до 83-тата минута во победата со 2-1 против Шам на 15 ноември 2008 година.
На почетокот на сезоната 2010–2011, Џака бил промовиран во првиот тим на Базел под водство на тренерот Торстен Финк. На 28 јули 2010 година, Џака го имал своето деби за првиот тим во натпреварот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите на гости против Дебрецин. Тој влегол во игра во 88-мата минута, а четири минути подоцна го постигнал вториот гол на тимот и ја обезбедил победата. Своето деби во швајцарското првенство за клубот го направил на 21 август, играјќи ги сите 90 минути, на гостувањето кај Тун, каде што Базел одиграл нерешено 1–1. Својот прв гол во Суперлигата на Швајцарија го постигнал на 15 мај 2011 година, повторно против Тун, овојпат во домашниот натпревар на Сент Јакоб Парк во кој Базел победил со 5–1. Сезоната 2010-2011, Џака ја завршил со освојување на првенствената титула, придонесувајќи за неа со 20 првенствени настапи и еден постигнат гол. Тој, исто така, одиграл 6 натпревари во европските натпрварувања (4 во Лигата на шампионите и 2 во Лига Европа).
Во сезоната 2011-2012, Џака ја освоил двојната круна со клубот. Во првенството Базел бил доминантен освојувајќи ја титулата со 20 бода предност во однос на второпласираниот Луцерн. Во Купот на Швајцарија пак, Базел стигнал до финалето кое се одиграло на стадионот Ванкдорф на 16 мај 2012 година. Во финалето, Базел и Луцерн одиграле нерешено 1-1, по што пеналите го одлучиле исходот на страната на Базел, кој го подигнал трофејот. По завршувањето на оваа успешна сезона, Џака го напуштил клубот, откако одиграл вкупно 67 натпревари и постигнал три гола за време на неговиот престој во Базел.
Борусија Менхенгладбах На 18 мај 2012 година, Базел преку својата официјална веб-страна објавиле дека Џака ќе се пресели во германскиот клуб Борусија Менхенгладбах, предводен од швајцарскиот тренер на Лусиен Фавр. Тој потпишал петгодишен договор со клубот, а сумата на трансферот не била откриена од Менхенгладбах, но се проценува дека била околу 8,5 милиони евра.
Џака го имал своето деби во натпревар од првото коло на Купот на Германија против Алеманија Ахен на 18 август 2012 година. Три дена подоцна, тој го направи својот прв настап во европските натпреварувања за Борусија во поразот со 1–3 дома од Динамо Киев во квалификациите за Лигата на шампионите. На 25 август, тој го направил своето деби во Бундеслигата во првиот натпревар на тимот за сезоната 2012–2013, добиен со 2–1 дома против . Својот прв и единствен гол за сезоната го постигнал во поразот со 3–2 од Нирнберг.
Во својата втора сезона во клубот, Џака започнал како стартер во 29 натпревари и имал пет настапи како замена, додека „ждребињата“ завршиле на шестото место во Бундеслигата. Во сезоната 2014–2015, Џака ги започнал сите 34 натпревари на тимот во Бундеслигата, и бил избран во Тимот на сезоната. Борусија завршила на третото место во лигата и се квалификувала за Лигата на шампионите.
На почетокот на сезоната 2015-2016, Џака бил назначен за капитен на тимот по заминувањето на Филип Дамс. На 23 септември 2015 година, тој го постигнал својот прв гол за клубот како капитен, со удар со глава по слободниот удар на Рафаел во победата со 4–2 над Аугсбург. Во следниот натпревар, против Штутгарт, Џака повторно постигнал гол во победата од 3–1. На 30 септември, тој го имал својот прв настап за Борусија во Лигата на шампионите, во поразот со 1–2 на домашен терен од Манчестер Сити. На 20 декември 2015, за време на победата со 3-2 на домашен терен над Дармштат, Џака бил исклучен уште во 38-мата минута добивајќи директен црвен картон поради удирање на противнички играч;2015-16 German Bundesliga; Gladbach 3-2 Darmstadt (Dec 20, 2015) Final Score - ESPNтој доброволно донираше 20.000 евра во добротворни цели како извинување за својот гест.
Џака ја напуштил Борусија по завршувањето на сезоната 2015-2016, забележувајќи вкупно 140 настапи и 9 гола во четирите поминати години во клубот.
Арсенал На 25 мај 2016 година, Џака потпишал за Арсенал во трансфер вреден од околу 35 милиони фунти. Неговото доаѓање се случило откако Арсенал наводно се откажал од предложениот трансфер на Н'Голо Канте од Лестер Сити поради вклучените агентски хонорари, кои вкупно изнесувале повеќе од 10 милиони фунти.
thumb|left|240px|Џака (десно) играјќи за , во дуел со Паломино (лево) од Лудогорец, во натпревар од Лигата на шампионите Своето деби со дресот на Арсенал, Џака го имал во првиот натпревар на клубот за сезоната во Премиер лигата, загубен со 4-3 од Ливерпул, заменувајќи го Мохамед Елнени во 65-тата минута. Неговиот прв гол за клубот дошол на 17 септември 2016 година, со удар од повеќе од 20 метри во победата од 4–1 над Хал Сити во Премиер лигата. Четири дена подоцна, тој повторно постигнал гол со удар од далечина, овојпат од уште поголема дистанца во победата од 4–0 над Нотингем Форест во Лига купот. На 15 октомври 2016 година, тој го добил првиот црвен картон како играч на Арсенал - и вкупно осми во кариерата од април 2014 година - во победата од 3–2 над Свонзи Сити. На 22 јануари 2017 година, Џака бич исклучен по втор пат во сезоната, овојпат од страна на судијата Џон Мос, во победата на Арсенал од 2–1 дома против Барнли. По неговиот прв гол за клубот во септември, тој не постигнал гол во Премиер лигата повторно сè до мај, постигнувајќи го првиот гол во победата од 2–0 над Манчестер Јунајтед, со што ја прекинал серијата на Јунајтед од 25 последователни натпревари без пораз.
Џака бил стандарден првотимец во текот на триумфалната сезона на Арсенал во ФА купот; тој го започнал и финалето против Челси, кое „топџиите“ го добиле со 2–1. Џака играл и во првиот натпревар на Арсенал за следната сезона, ФА Комјунити Шилд 2017 натпреварот што Арсенал го добил на пенали повторно против Челси. Неговиот прв гол во сезоната 2017–2018, дошол во ремито 3–3 против Ливерпул, кога постигнал погодок од преку 20 метри со кој го израмнил резултатот на моментални 2–2.
На 15 септември 2018 година, Џака го постигнал првиот гол, од директен слободен удар, во победата од 2–1 над Њукасл Јунајтед. На 28 октомври 2018 година, тој повторно постигнал гол од слободен удар против Кристал Палас. На 27 септември 2019 година, менаџерот на Арсенал Унаи Емери потврдил дека Џака ќе биде новиот капитен на Топџиите, заменувајќи го Лоран Косиелни.
thumb|250px|Џака (десно) чувајќи го противничкиот играч, Азар од , во натпревар од полуфиналето на Лига купот. На натпреварот против Кристал Палас на Емирати на 27 октомври 2019 година, Џака се нашол во центарот на критиките откако бил заменет во 61-вата минута. Инцидентот започнал кога дел од навивачите на Арсенал почнале да слават кога било повикано неговото име да биде заменет. Тој бил исвиркан додека излегувал надвор од теренот, а одговорил со неколку саркастични гестови и луто велејќи им „fuck off“ двапати на навивачите кои го исмејувале неговото име. Тој, исто така, го соблекол дресот пред да влезе во тунелот. Неговите постапките наишле на голем број критики по натпреварот, а менаџерот Унаи Емери го опишал однесувањето на Џака како „погрешно“. Емери, исто така, предложил дека Џака треба да се извини. Арсенал подоцна на Твитер објавил објаснување од Џака за инцидентот. На 5 ноември 2019 година, само еден месец и една недела по неговото објавување за капитен, на Џака му била одземена капитенската лента; Пјер-Емерик Обамејанг ја презел лентата, откако претходно бил заменик-капитен.
По овој инцидент, тој бил отстранет од првиот тим некое време, по што започнале гласини дека е многу веројатно како Џака ќе го напушти Арсенал во претстојниот јануарски преоден рок. Сепак, под мандатот на новиот менаџер Микел Артета, Џака бил повторно воведен во тимот како клучен играч и забележал нагло издигнување во неговата форма за клубот со што полека почнал да ги придобива навивачите со кои претходно имал нарушен однос. Џака му оддал признание на Артета за неговото "оживување", тврдејќи дека „Тој [Артета] ме сврте, ми даде втора шанса и ми покажа дека ми верува па се обидов да му вратам за сè“. На 1 август 2020 година, Џака бил избран да започне во финалето на ФА купот против Челси, помгајќи му на тимот да дојде до победа од 2-1 и да го освои својот втор личен трофеј во ФА купот, и 14-ти за Арсенал во нивната историја.