Принудно слетување кај тебе (, ) — јужнокорејска телевизиска серија по сценарио на Парк Џи Ен, во режија на Ли Џунг Хјо, а во главните улоги настапуваат Хјун Бин, Сон Је Џин, Со Џи Хје и Ким Џунг Хјун. Серијата се прикажувала на каналот tvN од 14 декември 2019 до 16 февруари 2020 г., секоја сабота и недела во 21:00 ч. Исто така, достапна е за гледање и на платформата Netflix.
Во времето на прикажување, Принудно слетување кај тебе станала серија со најголема гледаност на tvN и втора најпопуларна серија во историјата на корејската кабловска телевизија, соборувајќи ги сите рекорди според бројот на гледачи.
Содржина Кога Јун Се Ри, сопственичка на позната модна компанија, по несреќа со параглајдер завршува заробена во Северна Кореја, го запознава Ри Џонг Хјок, чесен воен капетан. За време на нејзиниот престој таму, Се Ри се соочува со суровото секојдневие и тешкиот живот во Северна Кореја. Како што полека се вљубува во капетанот Ри, таа мора со помош на неговите другари и војници да најде начин да се врати дома на Југот, истовремено криејќи ја нивната забранета љубов.
Улоги
|Хјун Бин |Ри Џонг Хјок |- |Сон Је Џин |Јун Се Ри |- |Ким Џунг Хјун |Гу Сунг Џун / Алберто Гу |- |Со Џи Хје |Со Дан |- |Јанг Кјунг Вон |Пјо Чи Су |- |Ју Су Бин |Ким Џу Мок |- |Танг Џун Санг |Гум Ун Донг |- |Ли Шин Јонг |Парк Кванг Бом |- |Нам Кјунг Уп |Јун Џунг Пјонг |- |Парк Хјунг Су |Јун Се Хјунг
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__