Градиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува збег од доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредната близина на селото, од југозападната страна, на блага височинка.

Опис

На наоѓалиштето се среќаваат разурнати ѕидови и фрагменти од ќерамиди, а спорадично и од керамички садови.

Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црква Св. Архангел — осамен наод од римско време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Крушевица (Прилепско)