Македонска бесконечна трансверзала (познат и како Самијана или Sammiana) — мрежа на пешачко-планинарски патеки на целата територија на Македонија. Трансверзалата е наречена бесконечна бидејќи нема почеток и крај, туку претставува непрекината низа на патеки.
Целата вкупна должина на патеките изнесува 2.070 километри. Со оваа должина, оваа трансверзала ќе биде најдолга на Балканот.
Опис
Трансверзалата се стреми патеките да бидат подалеку од населените места и поминува преку или најчесто во подножјето на сите попознати и голем број помалку познати планински врвови, со што се има можност за кратко време пркеу дополнителните странични патеки да се искачат било кој од нив што дава дополнителен предизвик на самата патека.
Според самите создавачи на трансверзалата за да се помине во целост трансверзалата се потребни 60 до 90 дена.
Именување
Трансверзалата го добила името „бесконечна“, бидејќи патеката има само една централна точка од која може да се тргне во четири насока, а потоа по некои 40-50 дена повторно да се најдете на истата централна точка и да продолжите во друга насока, или пак да поминете по веќе поминат пат, но во спротивна насока.
Патеки Источно крило
Во источното крило на трансверзалата е целосно трасирано и се состои од седум секции: I1 Капиново–Скочивир со должина од 166,1 км I2 Скочивир–Демир Капија со должина од 202 км I3 Демир Капија–Лебедово Езеро со должина 134,3 км I4 Лебедово Езеро–Виница со должина од 205,5 км I5 Виница–Крива Паланка со должина од 142 км I6 Крива Паланка–Страцин со должина од 134,7 км I7 Страцин-Капиново со должина од 185,2 км
Западно крило
Западното крило на трансверзалата е во изработка и не е целосно трасирано. Планирано е да биде поделено исто така на седум секции:
Z1 Капиново–Желино со должина од 115 км Z2 Желино–Маврови Анови со должина од 185 км Z3 Маврови Анови–Болетин–Гари со должина од 130 км Z4 Гари–Вевчани–Манастир „Св. Наум“ со должина од 170 км Z5 Манастир „Св. Наум“–Ѓавато со должина од 135 км Z6 Ѓавато–Капиново со должина од 130 км
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Пешачко-планински рути во Македонија