„Песни“ — збирка песни на Константин Миладинов во издание на Македонска книга од 1967 година.
Содржина Книгата содржи 14песни, како и два текста: „Охридска архиепископиа“ и „Од Предговорот на Зборникот од народни песни на миладиновци“.Константин Миладинов, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967. Шупељка (кавал) Не — непијам Бисера Голапче Желание Клетва Скрсти Побратимство Думание Сираче На с’нцето Т’га за југ На чужина Грк владика на Болгарите
Технички одлики Кигата е објавена како дел од библиотеката „Атлас“ и има 99 страници. Нацртот на корицата е дело на Коста Бојаџиевски, а коректор била Вера Арсовска. Книгата е испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во мај 1967 година, во тираж од 10 000 примероци. Таа не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.Константин Миладинов, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967.
Наводи
Категорија:Дела на Константин Миладинов Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Појавено во 1967 година во Македонија Категорија:Книги од 1967 година