мини|265x265пкс|Боцман на Кралската воена морнарица во 1820 г. Боцман (), се сретнува и водач на палуба — највисокиот чин во палубната служба на еден брод, одговорен за одржување на бродскиот труп и неговите составни делови. Боцманот ги надгледува останатите членови на палубната служба и обично не е задолжен за редовно дежурство (стража), освен кај бродови со мал број на екипаж. Дополнителните должности разнообразуваат во зависност од видот на бродот, екипажот и околностите. Кај рибарските бродови, боцманот често се нарекува и „трета рака“.

Опис Боцманот работи во палубната служба на бродот како шеф на екипажот што нема офицерска лиценца. Во одредени случаи, боцманот може да ја извршува и должноста на трет или четврт офицер. Боцманот мора да биде високо квалификуван за сите морнарски вештини со јажиња потребни за работа на брод за долга пловидба. Тој се разликува од останатите искусни морнари по неговата надзорна улога: планирање, организирање и распределба на работните задачи.

Како шеф на палубниот екипаж, боцманот ја планира дневната работа и ги распределува задачите. По завршувањето на работата, тој врши проверка дали задачите се извршени во согласност со одобрените оперативни процедури.Oregon University System, 2004

Покрај надзорната улога, боцманот редовно го прегледува бродот и извршува низа рутински и стручни задачи за одржување на сите делови на бродот што не се во надлежност на машинското одделение. Овие должности вклучуваат чистење, боење и одржување на бродскиот труп, надградбата и палубната опрема, како и спроведување на формална програма за превентивно одржување.

Наводи

Надворешни врски

CorPun website on corporal punishments Boatswain at OccupationalInfo.org

Категорија:Поморски занимања Категорија:Поморски поими Категорија:Титули