Прехнит — иносиликат од калциум и алуминиум со формула: Ca2Al(AlSi3O10)(OH)2. Во неговата структура алуминиумот е делумно заменет со Fe3+.
Прехнитот кристализира во орторомпски кристален систем, и најчесто се формира како сталактитни, ботриоидни, бубрежни или глобуларни агрегати, само со гребени на мали кристали, кои речиси секогаш се закривени или композитни. Многу ретко тој формира јасни, добро индивидуализирани кристали кои покажуваат квадратен пресек, вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат во рудникот Џефри во Азбест, Квебек, Канада. Прехнитот е кршлив со нерамна фрактура и има стаклест или бисерен сјај. Неговата тврдост е 6,5, а неговата специфична тежина е 2,80–2,95. Неговата боја варира од светло зелена до жолта, но исто така может да биде безбоен, син, розов или бел. Во април 2000 година, редок портокалов прехнит бил откриен во полињата со манган во Калахари, Јужна Африка. Прехнитот е претежно проѕирен, а ретко транспарентен.
Иако не е зеолит, прехнитот се среќава поврзан со минерали како што се датолит, калцит, апофилит, епидот, стилбит, лаумонтит и хеуландит во вените и шуплините на базалтните карпи, понекогаш во гранити, сиенити или гнајси. Тој е индикаторски минерал на метаморфните фации на прехнит-пумпелит.
Првпат бил опишан во 1788 година кога бил откриен во кару-долеритите во Крадок, покраина Источен Кејп, Јужна Африка. Бил именуван по полковникот Хендрик фон Прен (1733–1785), командант на воените сили на холандската колонија на ’Ртот Добра Надеж од 1768 до 1780 година.
Минералот користи како скапоцен камен.
Обемни наоѓалишта на прехнит со квалитет на скапоцен камен се наоѓаат во базалтната висорамнина околу станицата Вејв Хил во централната Северна Територија, Австралија.
Галерија
Наводи
Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Иносиликати Категорија:Скапоцени камења Категорија:Минерали на калциумот Категорија:Минерали на алуминиумот