Resident Evil 4 (македонски: Притаено зло 4), позната во Јапонија како Biohazard RE:4 — компјутерска игра во жанровите ужас за преживување и пукач од трето лице, развиена од одделот Consumer Games Development Division 1 и издадена од компанијата Capcom. Играта претставува преработка на истоимената игра од 2005 г. — шеста во главниот серијал Resident Evil (по претходните две игри Resident Evil Zero и Resident Evil Code: Veronica). Играта била објавена на 24 март 2023 г. Играчки процес Resident Evil 4 е преработка на истоимената игра од 2005 г., која го користи гледиштето од трето лице „преку рамо“. Играчот го управува Леон Скот Кенеди во поголемиот дел од приказната и извршува задачи за спасување на Ешли Греам во едно шпанско село. Во еден од сегментите на приказната, играчот го презема управувањето врз Ешли, додека во дополнението Separate Ways, играчот ја управува Ада Вонг.
За време на движењето низ праволиниските нивоа, играчот користи ладно и огнено оружје за борба против различни непријатели, вклучувајќи ги и месните жители. Овие непријатели можат да ги избегнуваат нападите, да користат оружје како моторни пили и проектили, способни се за колективно дејствување и можат да се претворат во морничави чудовишта.
Приказна Дејството во Resident Evil 4 се одвива во 2004 г., шест години по настаните во Resident Evil 2. Леон С. Кенеди, американски владин агент, добива задача да ја спаси Ешли Греам, ќерката на претседателот на САД, која е грабната од таинствен култ и се наоѓа во оддалечено шпанско село. За време на истражувањето на селото, Леон се соочува со месните жители што се заразени со паразит што го управува умот. Леон мора да го победи водачот на култот, Осмунд Садлер, и да ја открие вистината за нивниот злокобен заговор, истовремено обидувајќи се да ја спаси Ешли и да си го зачува сопствениот живот.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри од Resident Evil Категорија:Ужаси за преживување Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за PlayStation 5 Категорија:Игри за iOS Категорија:Игри за Xbox Series X/S Категорија:Игри за Mac OS X