Chelidonium, општо познат како celandines, — мал род на цветни растенија од семејството афиони (Papaveraceae). Овој род потекнува од Северна Африка и Евроазија, каде што се широко распространети, почнувајќи од Западна Европа до Источна Азија.Chelidonium L. Kew Botanical Gardens Овој род е застапен и во Македонија.

Опис Овој род се состои од тревни повеќегодишни растенија. Листовите се наизменични и длабоко лобусирани. Тие даваат жолти цветови. Chelidonium се синозеленикави растенија со портокалов млечен сок. Чашкините ливчиња се две на број и се слободни. Венечните ливчиња се четири на број и се целокрајни. Плодникот е дводелен со една псевдопреграда од работ на плодните листови и со два приседнати жига. Содржи два плодни листа.

Плодот е долг, тесен со цилиндрична форма и со две капачиња кои се одделуваат. Семките се бубреговидни или круглести со црна боја.

Видови Chelidonium е мал род, кој се состои од два прифатени вида. Тие се: Слика Име Распространетост Chelidonium majus Потекло од Европа, Северна Африка и Западна Азија Chelidonium asiaticum Потекло од Источна Азија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Афиони Категорија:Флора на Европа