мини|Буре, прообраз на разгледуваната единица за зафатнина Барел ( — „буре“) — мерка за зафатнина на насипни материи и течности, еднаква на едно „буре“. Се користи за мерење на зафатнината во економските пресметки и во одредени земји.

Пивски барел За мерење на зафатнината на пиво и ејл во Обединетото Кралство се користел таканаречениот пивски барел: 1 (пивски) барел = 2/3 хогсхеда = 2 килдеркина = 4 фиркина.

Низ вековите, големината на пивскиот барел се менувала. Така: Во 1454 г., во зависност од тоа што се мерело — ејл или пиво, се менувала и зафатнината на барелот. 1 барел = 32 ејлски галони ејл (147,88 литри) = 36 ејлски галони пиво (166,36 литри). Во 1688 година: 1 барел = 34 ејлски галони = 159,12 литри. Во 1803 година: 1 барел = 36 ејлски галони = 166,36 литри. Од 1900 година: 1 барел = 36 англиски галони = 163,66 литри.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски мерни единици Категорија:Империјални единици Категорија:Нафта Категорија:Единици за зафатнина