Ajuga reptans е растение од семејството Усноцветни, кое вирее во Европа. Ова растение прави раширена густа, земјена покривка со темнозелени листови и виолетови цветови. Листовите растат 5 до 8 см високи. Напролет растението расте 10 до 15 см со високи цветни стебла и со многу виолетови цветови. Цветовите често ги посетуваат муви, како што е Rhingia campestris. мини|Слика на труба од Теодор Грин.

Ботанички опис лево|мини|Младо растение. Ajuga reptans е раширена повеќегодишна билкаParnell. J. and Curtis, T. 2012. Webb's An Irish Flora. Cork University Press. со исправени цветни стебла и расте до висина од околу 35 см. Стеблата се исправени неразгранети, влакнести од спротивните страни, додека другите две спротивни старни на стеблата се голи од двете страни. Растението има ливчиња што се шират по површината на земјата. Виолетово-зелените листови со стебленца се во спротивни парови. Листовите се без влакна и обично се елиптични или овални со заоблен врв и плитко заоблени заби на работ на листот. Цветовите се со многу куси дршки, од 6 до 8 цвета во пазувите на прицветните листови и формираат соцветие. Чашкиното ливче има пет запчести лобуси, а венечната трубичка формира цвет со две усни, околу 14 до 17 мм долго со кратка венечна цевка со сина, поретко виолетова или бела боја и е влакнесто. Горниот раб на секој цвет е краток и рамномерен со мазен раб, а долната усна е со три лобуси, централниот лобус е најголем, рамен и со засечен врв. Постојат два долги прашници и два кратки прашници, кои се подолги од венечната трубичка и се прикачени на венечното цевче. Прашниците се влакнести филаменти кои излегуваат надвор од венечната трубичка. Оревчињата 2 до 2,5 мм долги, јајцевидни, кафени мрежесто набрчкани а плодот е со четири комори.

Распространетост Природното живеалиште на Ajuga reptans се протега низ цела Европа, протегајќи се до средната тајга подзона на североисточна Русија. Растението е распространето на пасишта на мешани и иглолисни шуми, поради условите кои ги создава, повисокиот азот во почвата и пониската киселост што овие шуми ја обезбедуваат во споредба со чистите зимзелени насади.Parnell. J. and Curtis, T. 2012. Webb's An Irish Flora. Cork University Press. ISBN 978-185918-4783

Честа појава е во Ирска, и низ цела Велика Британија.Clapham, A.R., Tutin, T.G. and Warburg, E.F. 1968. Excursion Flora of the British Isles. Second Edition. Cambridge University Press Во Македонија е широко распространет во: Водно, Китка, Дервенска Клисура, Јакупица, Нежилово, Мариово, Струмица, Банско, Клисура на реката Радика и други места."Флора на Македонија">Владо Матевски: Флора на РС Македонија, Том 2, св. 2, МАНУ, Скопје, 2021, стр. 209-210

Инвазивност Иако е многу користено како украсна покривка за земја што создава сенка, се смета за инвазивен вид во различни делови на Соединетите Американски Држави. поради неговиот агресивен раст и способност да формира густи подлоги кои ги надминуваат домашните растенија за сончева светлина, вода и хранливи материи. Неговото брзо ширење преку семиња и подземни ризоми може да доведе до значително намалување на локалниот биодиверзитет, особено во шумските и градинарските области. Дополнителен проблем за инванзивноста е што често е полузимзелен до зимзелен во места со поблаги клими, одржувајќи зелена покривка во текот на целата зима.

Опрашување Видот е еднодомен, со машки и женски цветови на истото растение. Опрашувањето се врши со пчели или пеперуги (молци и пеперутки). Растението е медоносно растение, но пчелите го посетуваат само кога другите, подобри медоносни растенија се ретки.

Употреба мини|Цвет Одгледувана како градинарско растение, таа обезбедува корисна покривка за земја. Избрани се бројни сорти, од кои „Catlin's Giant“ ја добил наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво. Ajuga reptans е честа појава како храна на многу места каде што расте. Може да се јаде во мала количина, но како што листовите стареат, тие стануваат и погорчливи. Листовите доста често се користат во салати и чај. Листовите на Ajuga reptans некаде се јадат и сурови. Исто така, докажано е дека го намалува пролактинот кај жените. Листот е зимзелен.

Се вели дека чајот направен од исушените цветни делови на растението помага при ревматизам, чир на желудник и ангина. Според друг извор, можно е да се подготви инфузија од надземните делови на растението против дијареја, надворешно за дерматитис, хемороиди и воспаление на мукозните мембрани.

Во Австрија се користи за респираторни нарушувања. Според некои извори, растението може да предизвика хепатитис, па затоа е потребна претпазливост при неговата употреба.

Позната и како „дрводелска билка“ поради нејзината наводна способност да го запре крварењето. Билката е примарен извор на нектар за пеперугите како на пример пролетната седефка. Тоа е секундарен извор на нектар на пеперугите: Лимоновец, Шарена дебелоглавка, Обичен синчец, темна дебелоглавка, Пулејкава пеперуга, Репкин белец, Сива дебелоглавка, Тегавецов шаренец, Шимширов синец, Крупнодамчест синец, Голема дебелоглавка, Голем зелкар, Мочуриштен шаренец, Зора (пеперутка), Лажен адмирал, Мал зелкар и Шумски белец.

Билката Ajuga reptans се користи во традиционалната австриска медицина внатрешно како чај за третман на нарушувања поврзани со респираторниот тракт.

Наводи

Bracken for Butterflies leaflet by Butterfly Conservation

Надворешни врски

Државниот универзитет во Охајо: Ajuga reptans Растенија за иднината: Ajuga reptans Профил на растенијата на USDA: Ajuga reptans Растенија за иднината - Ajuga reptans L

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Приземни растенија Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија