Convolvulus betonicifolius е растение опишано од Филип Милер, дел од родот Convolvulus и семејството Повивки.Dyntaxa Convolvulus betonicifolius Видот расте во Европа.

Опис Повеќегодишно влакнесто тревесто растение. Стеблото тенко, до 1 метар долго, увивно или ползечко со стрчести влакна. Листовите триаголно-јајцевидни или триаголно-копјести, 15–50 мм долги, 15–35 мм широки, во основата копјевидни или срцевидни, препокриени со ретки или густи влакна, со лисна петелка долга од 8 до 30 мм. Цветовите поединечни или по 2–3 во пазувите на листовите. Цветните дршки со куси и долги стрчести влакна, со 2 линејни прицветничиња. Дршката на соцветието најчесто подолга, поретко еднаква или покуса од пазувниот лист. Чашкините ливчиња нееднакви, препокриени со густи куси влакна, а надворешните чашкини ливчиња издолжено-елиптични со кусо шилче во врвниот дел. Внатрешните чашкини ливчиња широко елиптични или јајцевидни, во врвниот дел заострени или зашилени, по рабовите со тесен ципест раб. Венчето 28–40 мм во должина, широко инковидно, до 4 пати подолго од чашката, обично бледорозово до жолтеникаво, од надворешната страна со 5 надолжни влакнести пруги. Прашниците со нееднаква должина. Плодот јајцевидна кутијка околу 8–10 мм долга, со густи влакна и со 3–4 семки. Семките се кафеави, голи со брадавичести израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 74, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Во Македонија Расте покрај патишта, ниви, како плевелно или рудерално растение. Познато за Скопската Котлина – Гази Баба, Петровец, Идризово, Кондово, Љубин.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Повивки Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа