Тајните Сатурдеј () — американска анимирана телевизиска серија создадена од канадскиот аниматор Џеј Стивенс за Cartoon Network. Производството е на компаниите Cartoon Network и PorchLight Entertainment. Стивенс е исто така познат како творец на популарната цртана серија Тутенштајн.

Светската премиера на серијата се одржала на 3 октомври 2008 г. Анимираната серија повторно се прикажувала на каналот Boomerang во периодот од 5 декември 2011 до 1 јуни 2014 г.

Содржина Зак Сатурдеј и неговите родители, Док и Дру, се храбро семејство научници што го посветиле својот живот на ловот на мистични суштества — криптиди. Меѓу нив се Чудовиштето од Лох Нес, крвожедната Чупакабра, Снежниот Човек, Човекот Молец, страшната Медуза Горгона и огнодишни змејови. Обичните сказни што им се читаат на децата за добра ноќ, за семејството Сатурдеј се вистинска реалност, полна со опасности и авантури. Патувајќи низ целиот свет, истражувајќи напуштени градови, древни храмови, бездонни пештери и спуштајќи се во најдлабоките делови на светските океани, тие насекаде пронаоѓаат злобници и бестрашно се борат со нив.

Целото семејство Сатурдеј живее во тајна база и се дел од организацијата позната како „Тајни научници“, која го штити човештвото од скриените и застрашувачки нешта во светот. Главен непријател на семејството е В. В. Аргост (кој води своја телевизиска емисија наречена „Светот на чудното“). Друг опасен противник е Ван Рук, најозлогласениот платеник што често е ангажиран од страна на Аргост за да го запре семејството Сатурдеј.

Ликови Док Сатурдеј (Соломон Сатурдеј) — таткото на Зак и водач на семејството. Дру Сатурдеј — мајката на Зак, археолог и стручњак за митологија. Зак Сатурдеј — 11-годишно момче со исклучителна моќ да ги контролира криптидите. Фиск (Фискертон Сатурдеј) — „посвоениот брат“ на Зак, суштество од видот Лемуријан. Комодо — генетски изменет варан (комодски змеј) со способност да станува невидлив. Зона (Зон) — летачки криптид (птеранодон) што служи како превоз и извидник. Дојл Блеквел — помладиот брат на Дру и поранешен платеник. Винсент Владислав Аргост — главниот злобник и водител на емисијата „Светот на чудното“. Леонидас ван Рук — вешт платеник и ловец на криптиди. Муња — немиот и таинствен слуга на Аргост.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски телевизиски серии